Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Да научиме да бидеме возрасни

30.12.2010 -

Прашање: Ако Светлината е апсолутно, тотално насладување, тогаш јас сум заинтересиран да се запознаам со неа поблиску. Како тоа да го сторам? Изгледа таа доаѓала да ме викне кај себе, но јас не сум забележал...

Одговор: Ти треба да одлучиш кого одбираш: Светлината или насладувањето кое таа го дава. Ако го одбираш насладувањето – ништо нема да излезе. Само во почеток Светлината те расте со помош на насладувањето за да пораснеш и станеш голем.

Исто како кога ние ги растеме децата во нашиот живот.. Децата добиваат сè готово и растат сè додека не достигнат зрела возраст, и тогаш им велат: стоп, отсега понатаму ти си веќе возрасен. Тој може да вика дека сака да остане дете и понатаму да добива бомбони, но ништо нема да му помогне. Ако си пораснал, треба да одиш во армијата и да работиш, мораш да бидеш возрасен. Што значи да бидеш возрасен?

Возрасниот не смее да трча по насладувањето, тој мора да се стреми кон давањето! Живееш во општество и мораш да даваш на сите други: да одиш на работа, да им носиш корист на другите, и тогаш ќе добиеш право да постоиш. Истото е во духовниот свет! Возрасниот човек не трча за едноставно да добие задоволство – тој се стреми да достигне висока и голема цел во неговиот живот.

Да се биде возрасен – значи да се дава, да се работи, но не поради насладување, туку поради неговиот Извор. Такво залагање бара од нас Светлината. Тогаш ние воспоставуваме врска со самата Светлина, а не само со тоа што од неа го примаме. Затоа сега ние навлегуваме во нова ера, кога Светлината престанува да ни дава насладувања – во општ обем, на целото човештво. Таа престанува да ни ветува дека ни претстојат пријатни нешта и ние веќе не трчаме во очекување да добиеме некакво насладување. Ништо веќе не нè привлекува во иднината.

Сега нема излез, ќе треба да преминеме на нова парадигма: не во потера по насладувањето, туку по Изворот на насладувањето. Ако пак не го сакаме тоа, ќе биде уште полошо... Светлината сепак ќе нè принуди тоа да го сториме, скратувајќи ни ја можноста да се насладуваме. Тогаш ќе почнеме да прашуваме: "Зошто така се случува? Во што е смислата на мојот живот? Зошто наеднаш го снема насладувањето? Што да се прави?!

Веќе не прашуваш за насладувањето, туку за неговиот Извор: "Зошто престанало насладувањето? Што се случило со неговиот Извор? Од каде тоа доаѓало?" Така ние напредуваме. Додека добиваме насладување, не прашуваме за ништо. Но ако јас не добивам насладување во сегашноста и не го очекувам во иднината, тоа е веќе проблем – јас барам од каде тоа требало да дојде?! Зошто не дошло, што се случило таму? И тука се испоставува дека ако сакам да дојдам до насладување, морам да се приближам до неговиот Извор. А да се приближам – значи да си променам желбите во желби за давање.

Од утринската лекција  според статијата “Кабалата и филозофијата “ /30/12/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica