29.12.2010 -
Прашање: Какво објаснување може да му се даде на човекот кој нè гледа од страна? Нема ли тоа да му се причини само како филозофија?
Одговор: Кабалата говори за силата која постои во Природата, чие што позитивно влијание можеме да го предизвикаме врз себе ако сакаме да станеме слични на неа. Ние не ја менуваме таа сила, но потребно е да се средиме самите. Како со светлината на сонцето – јас можам да стојам во сенка, но можам и да се качам на покрив и намерно да се изложам на неговите зраци. Сонцето не се менува – јас се менувам, сакајќи да добијам повеќе од неговата светлина!
Исто така постои сила во Природата која науката кабала може да нè научи да ја примаме. Кабалата е наука. Стани умен, научи се да ја користиш силата на Светлината и таа ќе те развие правилно и добро. Ние не зборуваме за некои си вештачки нешта или фантазии – туку само за тоа како да се организираме себеси, нашата меѓусебна поврзаност, заедничката "мрежа" во која можеме да ја фатиме силата која постои во Природата и да добиеме!
Наместо да се завртуваме кон "сонцето" со грб или од страна – да се завртиме кон Него со лицето! Т.е. да ја достигнеме со Него сличноста на особините. Токму за тоа зборува науката кабала. Таа му советува на човекот: принуден си да се развиваш, го сакал тоа или не. Но ако сакаш да се развиваш на добар, пријатен начин – откриј ја силата која врз тебе влијае и те развива. Ако си завртен со грб кон неа, таа те развива со страдања, бидејќи ти ги чувствуваш нејзините влијанија како удари одзади.
Ако стоиш странично завртен кон неа – се случува да биде некогаш подобро, некогаш полошо. Но ако се завртиш со лице кон неа, тогаш ќе се развиваш со добро и со радост. Тоа е сè што правиме! Едноставно сакаме да го откриеме позитивното влијание на таа сила врз нас. Таа во секој случај влијае врз нас и не развива, дури и сега. Бидејќи неоспорлив е фактот дека нашите состојби се менувааат. Зар ние можеме да го застанеме животот? – Не!
Секој миг пред нас се отвора некоја нова ситуација, и тој процес не зависи од нас. Но постои наука која вели: погледајте ја постоечката тенденција! Не треба ништо да се измислува и да се "пронаоѓа велосипед". Вие забележувате – сите ние сме меѓусебно поврзани, но само со лоши врски. Се повеќе ја уништуваме Природата. Значи ајде да ги поправиме нашите врски, за се да биде поинаку. Ако сите проблеми се предизвикани од нашите неисправни меѓусебни врски, ајде за размислиме како да се соединиме правилно! Кабалата едноставно го објаснува на јасен начин природниот закон за сличност на особините. Создателот е Природата.
Од утринската лекција според статијата “Кабалата и филозофијата “ /29/12/2010