Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Да не биде залудна казната

Прашање: Зошто духовниот пат е изграден врз несреќите? Зошто дури и оние, кои се устремуваат кон својата цел Создателот ги поттурнува преку страдања?

Одговор: Создателот нè поттурнува. Постои непроменлив закон за интеракција на светлините и садовите, и Создателот не учествува во тој механизам. Не ги приредува тој несреќите и проблемите – ние самите ги предизвикуваме врз себе, со неправилна употреба на законот. Да речеме, јас земам тегла со етикета „Отровна киселина” и пијам од неа. Кој тоа го направил: Создателот или јас? Всушност јас самиот си ја предизвикав несреќата . Иако Создателот направил киселината да биде штетна за човечкиот организам, Но всушност, работата е во мене: јас се понадевав на исклучок од правилата, се понадевав на чудо. А чудата не постојат. Дури излегувањето од египетското ропство се нарекува „чудо” само за оние, кои престојуваат во „49 врати на нечистотијата” во последната фаза на прогонството. Тие навистина не сфаќаат, како е можно од таква состојба веднаш да се премине кон откривање на Создателот. Кога човекот открива дека е лош во сè, спасот му се причинува како чудо. Меѓутоа во реалноста секаде и секогаш дејствува законот. Потребно е само да се научат законите на реалноста, законите на природата, и правилно да се употребат. Ним им се подчинети нашите поправки, целокупниот овој глобален свет. Системот на законите опфаќа сè без исклучок.

Прашање: Тогаш како да ги решаваме проблемите и страдањата?

Одговор: Во почетокот ние се заблагодаруваме за нив: „Многу Ти благодарам што Си нè потсетил на главното: ние треба да го одржуваме вистинскиот правец и да мислиме на сосема друго”. Кога родителите ме казнуваат, не треба да се мисли на казната или на нив, туку само на едно: каква е нивната намера, што јас морам да постигнам преку казната? Ако јас не мислам на тоа, несреќите нема да ми помогнат. Нема да ми успее ниту да ги ублажам. Меѓутоа, во Израел денес се обидуваат токму да ги ублажат ударите, конструирајќи противракетни системи за одбрана од различни нивоа. Се разбира дека и тоа е потребно, но во принцип, земјата, како мало дете, небаре се завиткува во нешто пред родителскиот ќотек. Такви мерки ќе дадат само времено решение, кое ќе му овозможи на народот да го избере вистинскиот пат и да застане на него. Но токму поправката, и ништо друго, на крајот ги елиминира сите закани. Добивајќи удари, треба да се мисли на нивната причина.

Подобро да учиме од историските грешки, отколку од сопствените

Прашање: Ние не можеме да му ја објасниме на обичниот човек поврзаноста меѓу соединувањето и решението на проблемите. Излегува, дека тој треба да ни поверува само на зборот?

Одговор: Токму затоа во целокупната историја, во сè што се случувало со нас, ние треба да го гледаме системот на законите. На пример, ние добро ја изучивме животната активност на човечкото тело и знаеме, какви хранливи материи и во колкави количини му се потребни. На ист начин физичката слика на светот е составена од искуството на долгогодишните истражувања. Сите наши познавања од сите области се базираат врз искуството. Со милениуми човештвото го набљудува светот, сè подобро сфаќајќи ја заемната поврзаност меѓу различни појави и изведувајќи закони. Секој закон е формула на интеракцијата на две спротивности. А во основата на тие закони лежи исконски едноставна формула: Светлина= екран+желба. Формулава може да се внесе во секое дејство од секаков вид на секое ниво.

Значи, потребно е да погледнеме на историјата на човештвото, да ги земеме статистичките податоци, да го разјасниме пројдениот пат и да извлечеме поуки од него, да формулираме одредени принципи. Тоа е неизбежно. Нема каде да бегаме од природните процеси на развој, исто како што детето нема каде да бега од родителските казни за грешките во училиштето. Време е тоа да се осознае, и да почнеме со работа. Ние треба да учиме на примерите од историјата, но исклучиво на научен начин – доаѓајќи до заклучоци врз база на искуството, исто како што ги откриваме сите закони на природата. Формулата не се појавува пред нас веднаш, туку се пројавува од многубројните истражувања, се гради врз фактите на набљудувањата. Истото се однесува и на законите на човековото општество. Бидејќи и тоа е дел од природата. Тука нашиот проблем се состои во тоа, што ние треба да се истражуваме самите себеси, а не пониските нивоа. Генерално, треба да се наоѓаш повисоко од објектот на истражувањата, меѓутоа „не можеш да скокнеш над главата”, и затоа во социјалните науки сме многу збунети. Но, како и да е, некои историски појави ние можеме да ги изучуваме на рационална база, правејќи од нив заклучоци – закони на човечката цивилизација.

И тогаш ќе видиме, дека во човештвото постои еден посебен народ, како што е речено во Тора, „кој не се вбројува во народите”. Оваа појава била позната уште тогаш, пред повеќе од три илјади години. И што треба ние да правиме, да го игнорираме? Да не го признаваме за закон? Тогаш страдањата ќе продолжат. И напротив, ако овој закон се прифати, тогаш можеме правилно да го употребиме. Затоа што секоја појава, која ние ја откриваме, на крајот на краиштата нè води кон решението. На пример, сме дознале дека радиоактивното зрачење деструктивно делува на организмот, и денес се заштитуваме од него. Истото е и со народот на Исраел: неговата судбина е во надлежност на одреден закон. Тој и онака станал народ само тогаш, кога потомците на групата на Аврам се соединиле во заемна гаранција, и со тоа ја активирале духовната сила во себеси. И затоа народот на Исраел се разликува од другите народи – неговото соединување во суштина е духовно. Кога се руши единството, народот се распаѓа, додека со обновувањето на единството поново се раѓа и народот. За другите, пак, е карактеристично природното сплотување: луѓето што живееле во еден регион со заедничка судбина, со време се развиле и станале народи. Значи, ако обичното соединување се создавало природно и постепено во текот на историјата, во еврејскиот народ тоа има неприроден, еднократен карактер: „Ако се согласувате – ќе бидете народ, ако не – сами ќе ги видите последиците”. Таков е условот, само што никој не го објавил од небото со звучник. Станува збор за закон на природата, што синовите на Исраел го откриле во себеси.

Прашање: Значи дека никому не треба да веруваме? Наместо тоа треба да се проучи историјата и да се види како отсутството на заемната поврзаност меѓу луѓето предизвикало зло во светот?

Одговор: Тоа секому му е јасно. А несреќите што го очекуваат човештвото уште појасно ќе ја покажат важноста на единството. Меѓутоа, немоќни да најдат решение, луѓето ќе почнат да го обвинуваат еврејскиот народ. Всушност, тоа е правилно, - решението е можно само со помошта од тој народ. Едно време, групата на Аврам излегувајќи од Вавилон пронашла решение, кое останало во решимот. И сега, потомците на тие пионери се задолжени да го реализираат. Веднаш откако тие ќе почнат со работа, сите народи ќе почнат да им помагаат, да ги брзаат: „Ајде побргу!”. Денес тие ги обвинуваат евреите за сите несреќи, - а тогаш ќе гледаат во нив извор на сите благодети. Проблемот е да се убеди еврејскиот народ во неопходноста да ја изврши својата намена, пред да биде опколен од сите страни со „непријатели” со стапови, ножеви, ракети и т.н.

Преземено од Блогот на М. Лајтман на руски јазик - Од утринската лекција 29.11.2012 на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica