06.09.2010
Кога ние би биле поправени во светот на Бесконечноста, тогаш сите вземни влијанија врз нас одозгора – од најлошите до најдобрите, кои ние ги чувствуваме во нашата желба за насладување, нашиот материјал, - ни најмалку не би го менувале нашиот однос кон Создателот. Затоа што тој би се наоѓал под влијание на скратувањето Ц"А , на екранот, во давање, во одразената светлина.
Тогаш сите состојби кои поминуваат преку нас, од огромното наполнување до целосното празнење, ние би ги искористиле само за да Го оправдаме Создателот, да Го прославуваме, почитуваме и да Му заблагодаруваме , бидејки Тој ни дава можност, во овие различни состојби- од празнина до исполнетост во нашата желба, да го одредиме нашиот однос кон Него, како независен од тоа, кое ние од Него добиваме, без секаква поврзаност со нашата желба да се насладиме, и со нашите чувствувања во неа.
Како резултат ние само би Му заблагодарувале за можноста да се искачиме над нашата желба, својата природа, во верата ( давањето) над знаењето (наполнувањето), во "давање поради давање"(ГЕ) и во "примање поради давање" (ГЕ +АХаП). И така ние би ги примале сите состојби само поради една цел – да ги искористиме, за во секоја состојба да се почувствуваме себеси во Бесконечноста – во целосно исправување на намерата независно од степенот на наполнувањето и чувствувањето во желбата.Од целосна испразнетост, огромни страдања, до целосно наполнување, кое го преместува целото внимание од Создателот врз себеси.
Кога ние до тој степен би се исправиле себеси – тоа значи, дека ние би престојувале во светот на Бесконечноста. Во зависност од степенот на способноста да се оправда дадената од Него состојба, да се престојува над чувствувањето во желбата, во намерата, во врска со Него, Давателот, за да Му се стане сличен по основ на секакви чувствувања, - ние го одредуваме своето скалило во однос на целосното исправување, светот на Бесконечноста.
Создателот ни даде точка на спојувањето со Него, но како противтежа на неа, создаде во нас и постојано ја зголемува желбата за насладување, која го поништува ова спојување на точката. А ние треба да ја искористиме таа желба, која не оттурнува од спојувањето, и токму со нејзина помош да го зголемуваме спојувањето со Создателот. И така ние напредуваме.