Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Да се донесе Светлината до сите нејзини потрошувачи

Прашање: Како ние добиваме Светлина преку ширењето на кабалата?

Одговор: Ние добиваме Светлина само преку дисеминација, бидејќи според сите физички закони, енергијата може да тече само во случај ако има каде да премине: како бранот што се движи, електричната енергија во мрежата, водата во цевките. Ако Светлината нема каде понатаму да се шири, тогаш ти стануваш пречка на нејзиниот пат. Замислете дека постои извор на енергија, батерија, со приклучен кабел на неа. Но кабелот е скинат и не води никаде. Во него нема да има струја, иако самиот тој е приклучен кон изворот на енергијата! Во него нема да протече струја, бидејќи тој не се приклучил кон другиот пол, и не создал затворено коло за циркулација на струјата. Од овој пример е јасно дека дури и да се приклучиш кон изворот на Светлината, ако не си го затворил тоа коло, нема да почувствуваш дека во тебе има Светлина. Затоа мораш да се поврзеш со другите, и преку нив да го затвориш тој круг.

Сите илјадници години додека кабалата била скриена, таа им се разоткривала само на поединци, одбрани луѓе во секоја генерација, за малку да ја обнови и прилагоди методата кон современата генерација. Но, во суштина, ти не правеле ништо, освен тоа прилагодување кон новото време. Кога конечно се појавила можност науката кабала широко да се распространи и да се затвори тоа коло – токму тоа значи, дека дошло време на поправката и откривањето. Сета поранешна илјадагодишна историја била само подготовка за откривањето. Затоа треба да сфатиме дека широко рекламирајќи ја кабалата им помагаме не само на другите, туку во прв ред – себеси. На таков начин ти го затвораш колото за откривање на Создателот и со тоа Му причинуваш задоволство Нему. Без тоа затворено коло, самиот не вредиш ништо.

Напишано е дека Исраел само ја спроведува преку себе Светлината до сите други. Затоа ние треба да го изградиме тоа затворено коло помеѓу Создателот и сите други луѓе, кои немаат директна поврзаност со Него, и со тоа да станеме проводници во него. Само така ќе можеме да ја извршиме нашата мисија. Ако во тебе се разбуди стремежот да го откриеш Создателот, тоа значи дека мораш да станеш проводник на Вишата Светлина и да ја донесеш до сите нејзини „потрошувачи”.

Од утринската лекција според статија на Рабаш  на  Каб.тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica