Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Да се застане на страната на развојот

04.02.2011 -

Прашање: Како да реагирам на чувствата кои се создаваат како резултат на дејствата на Создателот?

Одговор: Може да се рече дека тие се резултат на средбата со Вишата Светлина, со Создателот. Но сепак треба да се помни: Создателот е непроменлив, се менувам само јас, се заменуваат решимот во мене. Затоа јас можам да правам само едно: да вложувам напори во замената на решимот. Со тоа јас го забрзувам нивниот развој и го гледам како посакуван.
Не сум против својот развој туку сум за него, иако разбирам дека тоа не е едноставно, дека за тоа треба да се вложат напори како и за секој друг развој. Јас сум подготвен за тоа. Како јас се развивам?

Со вклучување во групата. Со помош на пријателите јас почнувам да ја сфаќам важноста на својот развој, тие ми даваат сила за да го поднесам. Токму тоа е осознавање на важноста на целта. Зошто ако целта е важна во моите очи, јас сум подготвен да одам кај неа, иако на моето тело му е непријатно. Важноста ми дава сила.

Ако јас вистински се вклучувам во желбата на пријателите тогаш немам никакви проблеми со форсирањето на развојот, наместо да напредувам преку страдањата, кога поради несоодветноста на решимо кое се пробудило во мене, тоа во мене предизвикува болка.

Од утринската лекција по статија на Рабаш од 04.02.2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica