Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Да се застане пред Создателот, да сестане како Создателот

14.02.2011 -
Во светот, во реалноста постојат само две сили: силата на Создателот и "навидум" силата на суштеството која Создателот намерно му ја дал во обратна форма. Таа сила е спротивна на Создателот, поради тоа суштеството излегува надвор од границите на Неговото скалило и се здобива со своја реалност. Инаку тоа не би можело да постои.

Во нашиот свет "суштество" се нарекува тој кој има материјал на неживото, растителното или животинското ниво. Ако духовното битие, означува негова сопствена реалност надвор од Вишата сила, тогаш во нашиот свет Вишата сила не се манифестира пред нас отворено и затоа ние ја дефинираме реалноста само со постоењето на материјалот.

Во духовното не се зема предвид материјалот туку самостојноста. За да се биде суштество треба да се биде самостоен. Степенот на самостојност на суштеството одредува во кој степен тоа може да се смета за реално постоечко суштество.

Исто така и ние во нашиот свет не им придаваме значење на бебињата и децата затоа што тие сé уште не се здобиле со самостојност. Само во зрела возраст човекот станува самостоен и тогаш кон него соодветно се однесуваат. И во духовното, на кое ниво и да припаѓа суштеството – на неживото, растителното, животинското – важно е само едно: дали има сопствен статус пред Создателот.

Но, за да застане пред Создателот човекот треба пред сé да осознае дека Создателот постои – постои пред него, и дека се спротивни еден со друг. Тогаш во таа спротивност почнува работата.

Човекот ја дели целокупната реалност на два дела: Создателот и јас, реалноста што ми се прикажува. А потоа одлучува што е поважно. За да му даде на суштеството самостојност Создателот го изнел надвор, му дал осет дека тоа постои само за себе. Сега суштеството треба правилно да го употреби тоа што се открива себеси надвор од Создателот, како Тој воопшто да не постои, како Тој да излегува од неговото видно поле, од неговата желба. Со помош на силите и средствата кои ги дава Создателот, суштеството мора да најде правилен однос кон Него.

Тоа значи: врз себе, врз својата самостојност, без да ја поништи, да ја прими власта на Создателот. Тогаш од една страна суштеството ја зачувува својата положба надвор од Создателот, т.е. и понатаму прима насладување во желбата за примање без да се поништи пред Создателот, а од друга страна како самостојно во однос на применото насладување, над него, тоа добива сличност со Создателот. Така суштеството добива целосна, апсолутна независност.

Меѓутоа тоа може да се случи само ако суштеството се придржува на двата услови. Да е подготвено да го поништи својот однос кон Создателот, но, ако тоа не ги повредува неговите желби. Токму со тоа суштеството се движи во средната линија: од една страна ја зачувува желбата за насладувања, а од друга страна се здобива со форма на давање карактеристична за Создателот. Така во него се создава ликот на човекот, Адам.

Од утринската лекција според статија на Рабаш , од 14/02/2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica