Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Да се исполни немирот со радост

31.10.2010 -

Во последно време јас добивам многу писма за тоа дека луѓето престојуваат во толку големо воодушевување, немир и напнатост, состојби какви што не чувствувале порано пред ниту еден конгрес. Порано тие доаѓале поради задоволство, во радосно очекување, а сега покрај ова, чувствуваат и немир.

Тоа е резултат на поврзаноста. Никогаш порано ние не сме работеле на врската помеѓу нас – толку решително и неповратно. Ние не сме ги поминувале така засилено сите статии на Баал ХаСулам – "Дарување на Тората", "Взаемна одговорност" и други. Не ја издигнувавме важноста на врската на таква височина. Сега, поради нашето взаемно проникнување, сите се "заразуваат" еден од друг со внатрешни вибрации, ги пренесуваат еден на друг желбите, воодушевувањата, впечатоците.

Токму заемното присоединување му донесува секому такво чувство на напнатост. Сега, не намалувајќи го ова чувство на внатрешен немир, ние треба да го наполниме со радост и увереност, дека ние достигнуваме нешто многу значително.

Желбата, која ние ја создадовме со такво взаемно проникнување, од која сеуште чувствуваме само внатрешен немир и растревоженост, ние ќе ја наполниме со увереност – взаемна одговорност, и радост – наполнување. Но секој треба да се радува, дека сиот тој внатрешен немир доаѓа од тоа, што тој почнува повеќе да ги чувствува другите, и заедничката растревоженост му се пренесува и нему. Сега тоа многу се чувствува.

Од утринската лекцијата за Зохар /31/10/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica