Прашање: Каков напор, какво пробудување ни недостасува, за да им помогнеме на луѓето да ги скршат бариерите?
Одговор: Тие треба да знаат, дека целта не се достигнува со викање и улични безредија. Наместо тоа, ние мораме да се научиме да се соединуваме. Бидејќи соединувањето не е едноставна работа. Тука нема да помогнат ниту страсни апели. Човекот треба да се провери себеси, да ги дефинира во себе силите кои го отфрлаат единството, и силите кои го поддржуваат.
Методата на соединувањето – е метода на поправката на човекот. Бидејќи внатре сум направен така да не сакам да се соединувам со другите. Јас можам да зборувам за тоа, можам да пеам во чест на единството на светот, да организирам денови на сеопшта љубов... Меѓутоа, во суштина сите сме егоисти, и никој не може вистински да се соедини со другите. Не дека не сака, туку едноставно не е способен. Значи, ние треба да го осознаеме тоа, и да почнеме да се менуваме себеси.
Поправката на светот е поправка на секој од нас. Ние треба да го менуваме човекот, притоа секој – себеси, а не другиот. Но да му се помогне на другиот, значи да му се пренесе методата и да се поддржи во првите чекори, кои тој е во состојба да ги оствари. Јас можам да му дадам пример колку ова е важно за мене, и тој да се проникне со таа важност. Треба да се дејствува исклучиво според принципите на заемноста. Ние се разликуваме од сите други по тоа, што говориме:„Може да се соединиме, може да се кренеме над кризата. Ние сме способни за тоа, имаме метода на соединување, која се базира на поправката на човекот. За тоа е наменета целата Тора, како што е речено: „Јас го создадов почетното зло и ја создадов Тора како додаток, затоа што Светлината што се крие во неа, го враќа човекот кон Изворот”. Со тоа човекот станува подобар. И ние ја употребуваме таа метода, која дозволува да ја привлекуваме Светлината со помош на изучување на науката кабала и работата во група.
Од утринската лекција според статијата „Тело и душа“, 07.09.2012 на Каб.Тв