Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Да се почувствуваш како мал

Прашање: Човекот доаѓа да учи со веќе зрел, оформен поглед на светот. И затоа тој делумно се согласува со она што го слуша од учителот, и прифаќа да го извршува, а делумно – не се согласува. Дали тој може духовно да се развива со ваква внатрешна раздвоеност?

Одговор: Тое е нормално за човекот, кој сè уште не го чувствува духовниот свет, и затоа не го гледа во учителот. Речено е, дека „секој суди според степенот на своите недостатоци“. Затоа во мерата на својата расипаност, ти му припишуваш недостатоци на учителот. Тука потребна ти е силата на групата, која те убедува во величието и важноста на учителот. И ако ги цениш пријателите и работиш заедно со нив, тогаш со силата на групата ќе можеш да го надминеш своето пренебрегнување.

Ова пренебрегнување е нормално и закономерно – невозможно е поинаку. Тоа ти е намерно дадено одозгора, но исто така одозгора даден ти е инструмент, со чија помош ќе можеш да го надминеш. Ти мораш да се зближиш со групата, а преку групата да се приближиш до Создателот. Затоа ти е организиран ваков распоред на работата. Во случај тоа да не ти успее, тогаш проблемот не е во твоето пренебрегнување на учителот. Нормално е да го пренебрегнуваш. Но суштината е во тоа, што ти пренебрегнуваш со групата! Ти не можеш да се соединиш со пријателите, за да добиеш сила, со која може да се пробијат сите бариери. Од тебе се бара барем почетно надминување на егоистичката одбивност кон пријателите: почни да се зближуваш со нив преку заеднички трпези, песни, некои пријатни моменти. Почни оддалеку: од она, што на твојот егоизам би му било од корист да се наоѓа заедно со пријателите. Дадена ти е можност да добиеш сила од групата, со нејзина помош да се прилепиш за учителот, а преку учителот – за Создателот, и така да почнеш да примаш Светлина, која враќа кон Изворот. Нормално е твојот егоизам да се спротивставува на сè што зборува учителот. Само глупавиот може да не се противи, не сфаќајќи каде се наоѓа. Бидејќи целата твоја природа се бунтува против Создателот, како што е речено: „Желбата на човекот е зла од самото раѓање“, и затоа си против духовниот пат, против учителот. Ти си спротивен и на внатрешната сушност на групата, но групата исто така има и надворешен облик, со чија помош ти можеш постепено да се зближиш со неа.

Главната тешкотија е во тоа, што човекот не ја восприма групата како средство, кое овозможува соединување со пријателите, за да се прилепите за учителот заедно. А учителот понатаму би се погрижил да ве соедини со Создателот. Не треба да се претварате во хасидисти, но сепак е потребно да се почувствувате мали во однос на учителот, а исто и во однос на групата, и особено во однос на Создателот. Почни да правиш правилен распоред, користејќи ги сите средства, кои ти се дадени во овој свет, ставајќи сè на свое место: себеси, групата, обуката, учителот. А што понатаму – тебе не ти е познато, бидејќи понатаму оди Создателот, но таму е твојот „влез во светилиштето“, каде што потоа одеднаш ќе ја видиш „вратата“, која веднаш се претвора во отвор, и ќе влезеш во него. Без извршување на овој услов нема ништо да успее. Човекот мора сето тоа да си го замисли, можеби дури да го  нацрта и напише, и потоа секој ден да додава и поправа. Така секој ден ќе го разјаснуваш ова прашање сè повеќе, сè додека не го реализираш. Треба да се сфати, дека станува збор за строги закони. И ако не ги извршуваш, тогаш можеш да циркулираш не само овој еден живот, туку уште многу животи. Не е важно колку пати ќе се враќаш на оваа земја – сè ќе биде исто. Додека духовното решимо не се смести во специјални услови, тоа нема да се реализира фаза по фаза! Во природата сè функционира согласно со законите. Ние само од незнаење можеме да мислиме, дека закон нема. Но таму, каде што откриваме, ние гледаме дека „даден е закон и не смее да се прекрши“. Ние треба тоа да го сфатиме, да ги изучиме тие закони, и да ги извршиме. Нашиот егоизам не се согласува со тоа, но ние можеме малку да се поткренеме над него. Зошто да чекаме страдањата да нè принудат малку да се оддалечиме од нашето его? Подобро да го направиме тоа доброволно, свесно, односно да ги добиеме вредностите од групата. Групата ќе ни помогне да се оддалечиме од нашиот егоистички разум и ќе ја привлече кон нас опкружувачката Светлина, која ќе изгради во нас нова скала на приоритети.

Од лекцијата по писмото на Баал ХаСулам, 13.12.2013

Фази на напредувањето

Конгрес во Москва. Лекција №1

Прашање: Кога почнавме да се занимаваме со науката кабала, да речеме пред пет години, ние со желба ги впивавме вашите лекции, ги прецртувавме сликите и цртежите, внимателно ги проучувавме. Сега се создава впечаток, дека на сегашните студенти веќе не им е толку интересен материјалот, тој првенствено станува средство за пренос на некои емоционални осети. Дали тоа е правилно?

Одговор: Изучувајќи ја науката кабала, ние поминуваме различни фази на внатрешен развој. Во почетокот ние воопшто ништо не разбираме и не знаеме. Пред нас отвораат некоја книга – ние климнуваме со главата како мали деца, преправајќи се, дека сè ни е јасно. Всушност тоа не е така, бидејќи нешто, што денес го воспримаме како апсолутно основна работа, на почетниците им се чини како воопшто неприродно, глобално, несфатливо. Кога човекот навлегува во науката, тој се обидува да ја разјасни технички: овде – еден плус еден, таму – екран, онаму – одразена Светлина. Сите ние помалку се разбираме во техниката, и во некоја мера тоа ни е посфатливо, поблиско. Сето го сведуваме на различни вектори. Јас намерно цртам, за да ни биде полесно да го сфатиме материјалот.

Баал ХаСулам во 20-те години од минатиот век издаде албум на духовните светови – само десет страници, бидејќи тогаш имало многу малку технички подготвени луѓе. Додека пак денес контингентот е сосема друг. Поголемиот дел на луѓето кои доаѓаат кај нас, - се технички образовани луѓе. И затоа им е лесно и удобно така да го учат материјалот. На човекот треба да му се даде време за приспособување кон новата средина, кон новите поими и зборови. Затоа во почеток треба да му се дава науката кабала токму во таква лесна форма. Така му е полесно да ја учи, барем што се однесува на термините: скратување, откривање, пет особини, пет сефирот и т.н. А потоа почнува следната фаза, кога во човекот малку се открива точката во срцето и го почнува своето движење. Човекот веќе почнува повеќе да чувствува и сфаќа, дека ова припаѓа овде, а она произлегува од онде и т.н. Внатре во него почнува движење. И веднаш кај него се појавува проблем: тој сака да чувствува сè повеќе и повеќе. Сега не можеш да го оттргнеш од статиите: тој ги чита, дискутира за нив, ги поминува преку себе, ги доживува. Потоа едното со другото постепено се балансира. И сето тоа се случува измешано со состојбите на подем/паѓање и различни проблеми и ексцеси, кои се случуваат во групата. На крајот, под влијание на Вишото управување сето тоа се сведува на негово обликување како човек со посебен духовен багаж. Затоа сите ваши прашања сè уште се базираат врз отсутноста на внатрешната рамнотежа меѓу срцето и разумот во духовното движење. Но таа рамнотежа наското ќе се појави. Вие ќе можете да управувате со вашите духовни состојби: со вашата желба, вашите дејства, вашата намера, вашето здравје. Но засега тоа е преоден процес, и тој бара одреден период на спокојство.

Прашање:  Сегашните студенти многу брзо ја поминуваат првата фаза, и понекогаш ми се чини дека ние дури ги сопираме, мислејќи дека тие подоцна ќе чувствуваат сè. Ми се чини дека тие веќе чувствуваат.

Одговор: Тоа е сосема возможно. Јас не се занимавам со почетниците, и сосема е можно да сте во право. Притоа, меѓу луѓето кои живеат во Израел во Русија, во Европа, во САД и во Јужна Америка сепак постои разлика. Тие пет големи контингенти на наши пријатели и нивните ученици многу се разликуваат. Тие различно ги поминуваат сите фази, различно се вклучуваат во нив, но токму во тоа е убавината -  ние заемно се дополнуваме еден со друг во нашата светска група.

Од 1-та лекција на конгресот во Москва, 13.12.2013

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica