Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Да се работи на подемот или да се живурка?

Мојот однос кон реалноста го одредува моето скалило. Тој однос јас мора да го проверувам, да го развивам, бидејќи во спротивно ќе останам на „животинското” ниво, нема да стигнам до човечкото скалило. Токму оттука започнува неговото формирање – од прашањето како јас ја прифаќам реалноста. Или таа ми изгледа само како она што го гледам - природа на физичкиот свет; или јас сфаќам дека Природата има воља, потреба (желба да причини добро на своите суштества), програма, цел, и таа систематски, насочено влијае врз нас. Во тој случај јас мора да извршувам одредени дејства согласно со законите на Природата, согласно со процесот кој таа го реализира. И тогаш јас станувам одговорен за својата судбина, за својата иднина, за целокупниот свој понатамошен пат – согласно со состојбите кои јас си ги воспоставувам. Токму тогаш започнува работата на човекот во светот: „Дали само ќе живуркам, избегнувајќи ги страдањата колку што е можно, сè додека не умрам? Или сакам да ја дознаам таа програма, целта, да го осознаам процесот и да учествувам во него разумно, рационално, како човек што нешто променува, на нешто влијае и добива соодветни одговори?”

Со еден збор, јас по своја желба почнувам да работам со Природата – со Силата која стои пред мене. Суштината е во тоа. Кој сака да ја спознае таа Сила, тој се нарекува Човек (Адам), сличен на неа. Бидејќи таквите луѓе, согласно со својата задача, се изградуваат себеси аналогно на таа Виша Сила која ги создала, ги воспоставила сите закони. Ние сакаме да ги спознаеме нејзините закони и да делуваме согласно на неа, во тандем со неа. Тоа е нашата цел и на патот кон таа цел ние стануваме нејзини партнери. И обратно, оној што не ја открива, тој без оглед на неговите сфаќања за природата и вишото скалило, останува на “животинското” ниво.

Од лекцијата по статијата „Свет”, 03.09.2013

Пат нагоре од мрачната јама на егоизмот.

Ние веќе почнуваме да се запознаваме со состојбите на духовната работа, иако ни е тешко со нив да се согласиме и да се навикнеме. Секој пат имаме потешкотии да ги оправдаме, бидејќи духовните состојби доаѓаат на начин, небаре човекот поново се раѓа. Наеднаш со него нешто се случува и тој веќе не се препознава себеси, непознат му е светот, во којшто се наоѓа, не ги сфаќа неговите реакции, влијанијата што му пречат или му помагаат, непријателите и другарите. Човекот се збунува. Тој посакува да ја спознае оваа нова внатрешна реалност, во која се нашол, но е немоќен. Небаре добил нова внатрешна програма, и затоа не е запознат со самиот себе и со светот. Сите реакции станале нови и сосема непознати. Откако се нашол во новиот свет тој ја губи претходната сигурност, стариот однос кон сето тоа. Треба на тоа да се навикне! Скоро е невозможно да се навикнеш, бидејќи секој пат се најдуваш во сосема нова состојба. И колку повеќе човекот напредува, толку повеќе состојбите се разликуваат една од друга, се менуваат една по друга. Без оглед на сè почестите промени, самите состојби стануваат сè повеќе контрастни и одделени една од друга. Состојбата што се случила пред само ден-два, може кардинално да се разликува од денешната, и човекот се чувствува страшно збунет, ја губи стабилноста во светот, небаре сосема пропаѓа. Неговите состојби стануваат сè повеќе спротивни, и брзината со која тие се менуваат сè повеќе расте. Секој пат за време на промената на состојбите доаѓа момент, кога човекот апсолутно не сфаќа што се случува, иако веќе поседува големо искуство.

Кога доаѓа нова состојба, таа толку се разликува од претходната, што брише сè што постоело во минатото. А во следната состојба на човекот сè уште ништо не му е познато, и затоа тој не сфаќа што се случува со него, небаре такво нешто се случува за првпат. И всушност таквата состојба се појавува за прв пат, бидејќи се открива нов информациски ген (решимо), нова реалност. Сето ова е невозможно да им се објасни на луѓето од страна, затоа што тие нема тоа да го разберат. Ним не им е јасно како одеднаш човекот може да не знае ништо, да се збуни – како е можно голем кабалист одеднаш да не е способен да реши, сфати, почувствува дури и едноставни работи, кои се достапни за кој било обичен човек. Но таков е нашиот живот и така ние освојуваме скалило по скалило од духовната скала. Главна работа е да се сакаат тие состојби, и да се сфати дека тие сè повеќе нè приближуваат кон сфаќањето на Создателот, кон сличноста со Него. Нема подобра состојба од онаа кога човекот чувствува хаос, темнина, немоќ, сфаќајќи дека всушност се откриваат оние садови, со кои тој набрзо ќе може да работи, и да стекне во нив особина на давање, по правилен однос кон својата состојба. Всушност, на таков начин од него го тргаат скривањето.

Некогаш во детството прочитав расказ за коњите, кои превезувале колички под земјата во јагленокопите. Тие никогаш не се кревале нагоре, и затоа не биле навикнати на сончевата светлина. Затоа, кога тие старееле и повеќе не можеле да работат, пред кревањето од јамата, на главата им облекувале неколку вреќи. Горе постепено ги симнувале вреќа по вреќа: најпрво едната, после некое време – другата, за да може коњот постепено да се навикне на светлината. И ние се наоѓаме во иста ситуација. Секој пат, кога се менува нашата состојба – всушност како од нас да симнуваат уште една вреќа. Тоа ќе продолжи сè дотогаш, додека не навикнеме на вистинската Светлина. Ако човекот сфаќа, дека сега со него работат за тој да се навикне на Светлината, и да може во својот свет да го види Создателот и Неговите дејства, тогаш тој ја прима оваа работа со голема благодарност. Тој сфаќа дека оваа работа во мракот, во темнината е од голема вредност, бидејќи токму таа формира во него нови инструменти на перцепција за откривање на вистинскиот, духовен свет. Сета таа работа се нарекува извршување на заповед, и ако човекот се радува на неа, тогаш тоа се нарекува радост на заповедта.

Од подготовката кон лекцијата, 03.09.2013

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica