Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Да се регистрираме кај кабалистот

На таков начин, Баал ХаСулам ни препорачува да читаме книги, во кои се зборува за човекот, устремен кон откривање. Статии, писма, „Учението на Десетте Сефирот“ и Коментарот кон Книгата Зохар – со еден збор сè, што добивме од Баал ХаСулам и Рабаш, претставува специјално наменет за нас дел од книгите, кои говорат за откривањето на Создателот пред суштеството, претставени во различен стил, - но само за тоа.

Некои објаснуваат директно, опишувајќи ја работата, ако така може да се изразиме, од „психолошка“ страна, - на пример различни писма и статии. Другите раскажуваат за поврзаноста на науката кабала со другите науки, - но и тие се однесуваат на откривањето на Создателот пред луѓето. Меѓутоа воглавно, се разбира, станува збор за Книгата Зохар и „Учението на Десетте Сефирот“. Така или инаку, сите тие текстови биле напишани за време на привлекувањето на Светлината. Кабалистите ја откривале во различни состојби, на различни скалила – и согласно со тоа ги пишувале своите дела. Ниту еден збор, ниту една буква не легнувала на хартија, додека авторот не ја постигнувал конктретната состојба, која ја опишувал. И затоа кога ги читаме тие текстови, имаме можност да добиеме сила од нив. Бидејќи преку нив, ние се приклучуваме кон авторите и тогаш можеме да привлекуваме Светлина, која враќа кон Изворот, - само ако се стремиме да заличиме на нив, и со едноставна верба да го добиеме она, што тие го имаат. Читајќи ги делата на кабалистот, јас сакам да станам како него, сакам да се поништам себеси, "да се регистрирам кај него“ – со тоа ја „вклучувам“ Светлината, која тој ја подготвил за мене.

Од лекцијата по статијата „Науката кабала и нејзината суштина“, 19.11.2013, на Каб.ТВ

Инструменти за мерење на Светлината

Прашање: Дали можам да дознам дека Светлината „работела“ со мене? Дали може, да ја одредам, да го измерам нејзиното влијание?

Одговор: Во оваа фаза – се разбира дека не може. Тоа ќе стане возможно само откога кај тебе ќе се појават садови, кога ќе можеш да работиш во скратување (цимцум), со екранот (масах) и одразената Светлина (ор хозер). Тогаш, дејствувајќи во одреден пласт на желбата, ти ќе го знаеш тоа, поправен од Светлината толку, за да работиш со твојата желба за примање заради давање. Ќе ја проверуваш откриената желба и ќе го мериш во неа „работниот простор“, сфаќајќи го механизмот на тоа што се случува. Во Книгата Зохар кабалистите исто така раскажуваат за различни случки на духовниот пат, ги опишуваат реалните детали на воспримање во духовните садови. Но денес ти сè уште ги немаш, и нема со што да вршиш мерења. Тие се возможни само под услов, ако ставаш целосно скратување на целата твоја желба. А за таа намена потребна е Светлината, која враќа кон Изворот. Ако Светлината доаѓа, чувствуваш силно воодушевување, подем, кој ти овозможува да направиш скратување, а потоа да ги средиш твоите желби, да ги сортираш, и да ги издвоиш оние, кои се соодветни за работа. Така се запознаваш со внатрешната структура АВАЈА на своите садови, гледаш како да ги градиш и да ги насочуваш кон единствена цел – сите четири пластови на авијут кон спојување со Создателот. Ете таква работа навистина ќе ти овозможи да ја мериш Светлината во желбите.

Од лекцијата по статијата „Науката кабала и нејзината суштина“, 19.11.2013, на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica