Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Да се спасиш од разбеснетиот океан

17.09.2010 -

На Судниот Ден го читаат расказот "Јона". За пророкот Јона, кому Создателот му наредил да оди во градот Нинвеј и да ги пробуди неговите жители кон добри дела. Но Јона решил ...да избега од Создателот, тој се качил на брод и решил да отплови што подалеку...Но Создателот предизвикал бура, морнарите дознале, дека Јона е причината за неа, го исфрлиле во морето, китот го голтнал Јона и го извадил на брегот...кај градот Нинвеј. Јона влегол во градот и после неговите проповеди, жителите се откажале од непријателствата и ја достигнале заемната љубов. Така, несакајки, Јона ја извршил наредбата на Создателот.

Јона, кој се качил на бродот – тоа е душа, слезена во телото на човекот. Бидејки човекот во овој свет е сличен на брод во разбеснето море...Душата доаѓа во телото, за да го достигне своето исправување во поврзаност со другите души. Таа може да се исправи токму за сметка на егоистичката желба да се наслади – користејки го егоизмот и откинатоста од другите, но токму за поврзување и љубов кон другите, душата од "точката на давање" се развива себеси до големината и нивото на Создателот. Таа "точка на давање" постепено ги присоединува кон себе сите големи егоистички желби. А тие, кои сеуште не може да ги искористи за давање, ги остава неискористени ( во скратување).

И така постепено 125 пати, се додека оваа точка не ги пренесе кон себе сите желби за насладување. Создателот ја испраќа "точката на давање" коренот на душата во овој свет – пророкот Јона, во желбите на човекот, на брод. Морнарите и капитенот – се ангели, т.е. сите агенти на Создателот, кои го опкружуваат човекот. Јона мора да ги пробуди своите желби за исправување, да се соедини со сите души, градот Нинвеј, да ги иницира кон нивно исправување, да го преобрати нивното зло во добро, кон меѓусебна љубов. Инаку тие пропаѓаат во егоизам и омраза, која ќе ги доведе до смрт.

Затоа нам ни е потребно да ја привлечеме напомош Светлината. Тоа се нарекува да се замоли, да се викне за помош. И во таа мера, колку силно ние викаме – Светлината крева за нас дел од желбата за насладување, и таа се присоединува кон дејството на давање. Така ние ги пренесуваме сите свои желби од нашиот свет на желбите "поради себе", - во идниот свет, на желбите "поради другите". Со тоа ние влегуваме во светот на Создателот, во чувствувањето на себеси и светот во особината на давање, што се чувствува како вечно и совршено постоење. Случката со пророкот Јона зборува за тоа, дека Создателот ќе не принуди, со добро или со страдања, да се зафатиме со распространување на кабалата во целиот свет, како метод за негово исправување. Затоа е речено: "Тогаш избери го животот"- во тоа е суштината на Судниот Ден. ОС – опкружувачка Светлина.

Од  лекцијата за Јом Кипур /17/09/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica