Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Да ја откриеме вратата кон Светлината

Прашање: Може ли книгата Зохар да ми помогне во осознавање на злото?

Одговор: Зохар најмногу од сите други извори може да му овозможи на човекот да го почувствува злото. Ние напредуваме по патот кон Светлината, кон Создателот, кон силата на давање, која единствено владее и функционира во реалноста, затоа што желбата за насладување нема да мрдне, ако врз неа не влијае силата на давање, силата на Светлината. Излегува, дека без кабалистичките книги, а особено без книгата Зохар, ние не би го откриле изворот на нашето движење, туку само би циркулирале во овој свет. Затоа што истата таа Светлина, ако не ја пробудиме, влијае врз нас во форма на кругови, доближувајќи се до нас рамномерно од сите страни, и тогаш излегува, дека сите тонат во различни проблеми и страдања.

Но што се тоа проблеми и страдања? Тоа е чувствување на нашата спротивност на истата таа Светлина. Ние не знаеме што е Светлина, но се чувствуваме лошо. Од што? Тоа не ни е познато. Да речеме, на малото дете му студи. Тоа се тресе, плаче и не знае што да прави. До него него има врата, што води во топла соба, но тоа не знае, дека треба таму да влезе. Тоа ќе плаче, ќе вика, но не ќе може да го поврзе своето лошо чувствување со ладното. Тоа не сфаќа, дека му е лошо поради ладното, и не знае, дека ако влезе во вратата до него, таму е топло – и ќе му биде добро. Тоа ја сфаќа само појавата, феноменот, но не знае од каде тоа потекнува. Кај него постои само обична реакција на својата внатрешна состојба, без причина и без последица. Така реагира обичната желба за насладување. Но ако таа желба почне да си гради глава, тогаш веќе сфаќа од каде доаѓа феноменот, зошто, како може да се спаси, какви дејства треба да направи, за да избега од лошата состојба. Тоа е веќе глава (Рош). Од каде таа се создава? Од таму, каде што Светлината со помош на различни дејства го изгради тој апарат во желбата. Така ние постепено напредуваме кон доброто. Има луѓе на такво развојно ниво, кога им е лошо, тие врескаат. Има такви, кои се обидуваат да се разбегаат на ралични страни, но уште не ја знаат вистинската насока. Има такви, што бегаат. И има луѓе, кои сфаќаат, дека не треба да се бега, дека ако ние овде, на своето место, сега, ќе ја апсорбираме Светлината, која доаѓа и ни причинува зло, тогаш ќе ја преправиме во добро. И дека всушност нема каде да се бега. Тогаш тие ја совладуваат својата состојба, се креваат над неа, и ја откриваат Светлината во истото место. Сè зависи од развојот.

Војна до целосна победа во срцето

Од статијата на Рабаш „Љубов кон ближниот”: Се загледувам во оваа мала искра, која што се нарекува љубов кон ближниот, и мислам, што можам да сторам, за да му помогнам на општеството. Затоа што гледајќи го општеството, ги гледам страдањата на секој, болестите, болката и заедничките страдања, односно војните меѓу народите. И немам што да дадам, освен молитвата, наречена „соживување со страдањата на општеството”.

Во нашиот свет на луѓето им е јасно, дека во тешки времиња треба да си помагаме меѓусебно со сите средства. Да ги примаме бегалците во нашите домови, да праќаме помош, најнеопходните работи, за да им го олесниме животот на луѓето, западнати во екстремна ситуација. На секој му е јасно, дека треба да го нахрани настраданиот, да му понуди засолниште, да го поддржи. Тоа било прифатено во сите цивилизации, во сите времиња, кај сите народи. Кабалистите, пак, имаат посебен пристап кон ова прашање. Тоа не значи, дека тие го игнорираат обичното заемно помагање. Од историјата гледаме, уште од Аврам и другите прататковци, како тие примале гости и колку важно за нив било гостопримството и во материјална, и во духовна смисла. Но се прашуваме, што да се прави, ако се наоѓаме во постојана опасност, како на пример денес, и воопшто во текот на сите поколенија. Бидејќи според трезна, рационална пресметка, се чини дека немаме никакви шанси за успех тука, во Израел, опкружени со наши непријатели, чија што единствена желба е: да нè сотре од лицето на земјата. Како тогаш можеме, без оглед на сето тоа, да продолжиме да постоиме на оваа земја во постојана опасност – до која граница? Бидејќи според рационална гледна точка, такво нешто е невозможно, и можеби навистина требало да формираме наша држава некаде на друго место, како што некогаш ја нуделе за таа наменаУганда?

Но нам ќе ни помогне само знаењето, добиено од кабалистите: за програмата на развојот на светот, и за нашата духовна мисија, за Вишата сила, која не е одделена од нас, туку се наоѓа со нас. Ние работиме во соединување со неа, во една тенденција, една насока, што значи, дека можеме да ја промениме нашата судбина. Пред сè, треба да сфатиме, дека сè што се случува, дадено ни е како помош. И од тоа станува јасно, дека ние мораме да работиме токму во ова место, и само тука, во такви посебни услови ние можеме да напреднеме, и да ја реализираме целта на создавањето. Не се наоѓаме случајно во такво непријателско опкружување, туку со одредена цел, согласно со Вишата програма. Малата искра на љубов кон ближниот, за која говори Рабаш, е всадената во нас искра на Светлината. Таа искра треба да ја издвоиме, да ја зацвстиме, да ја поддржиме, да ја насочиме кон достигнување на нашиот извор, коренот. Во таква форма ние ќе можеме да ја реализираме целта на создавањето за сите народи. Затоа, наша задача е: во сите тешки околности, кои ни ги приредува Вишата Сила, правилно да реагираме, насочувајќи се кон соединување, единство, заемната гаранција, сè додека не ја достигнеме љубовта кон ближниот, како кон себеси. А на крајот, кон таа љубов ќе се приклучи целиот свет, сите народи, а со тоа ние ќе ја оствариме замислата на творението. Сето тоа се достигнува со помош на молитвата, односно работата во нашето срце.

Од утринската лекција според статија на Рабаш, 18.11.2012, на  Каб.Тв

Додека не се наполни чашата... 

Прашање: Како може да се измери поправката, што ја добивам од Зохар: ние веќе две години ја читаме оваа книга, но јас откривам, дека уште ме привлекуваат истите желби и насладувања.

Одговор: Сè додека не се исполни потребната мера на напори (сеа), тебе ќе ти се чини, дека секој пат се случува едно исто, као да влегуваш во царскиот трезор, и дури и да изнесеш нешто од таму, сè се распаѓа и не останува ништо. Не останува ништо, освен жалењето. Сега засега, сето тоа се собира во форма на големи страдања, кревајќи сè поголема молитва (МАН), сè додека таа не стане вистинска, правилна молба, со неопходна моќ, и тогаш сè се открива – и ти во еден миг добиваш сè, што си собирал овие две години во своите мали обиди, и дури повеќе од тоа.

Од утринската лекција, 18.11.2012 на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica