20.09.2010 -
Пратиле анегдота:
Во стомакот на бремената жена разговараат две бебиња. Едното од нив – е верник, другото – неверник.
Бебето неверник: Ти веруваш во живот после породувањето?
Бебето верник: Да, сигурно. На сите им е јасно дека живот после породувањето постои. Ние сме тука за да станеме доволно силни и подготвени за тоа што нè очекува потоа.
Бебето неверник: Тоа е глупост! Никаков живот после породувањето не може да постои! Можеш ли да си замислиш како би можел да изгледа тој живот?
Бебето верник: Не ги знам сите детали, но верувам дека таму ќе има повеќе Светлина и дека ние можеби сами ќе се движиме и ќе јадеме со своја уста.
Бебето неверник: Каква глупост! Не е возможно сами да се движиме и да јадеме со уста! Тоа е смешно! Ние имаме папочна врвца која нè храни. Знаеш, сакам да ти кажам: не е можно да постои живот после породувањето затоа што нашиот живот – папочната врвца – и така е веќе многу кратка.
Бебето верник: Убеден сум дека тоа е можно. Само што сé ќе биде малку поинаку. Тоа можеме да си го замислиме.
Бебето неверник: Ама од таму уште никој никогаш не се вратил! Животот само завршува со породувањето. И воопшто, животот е едно големо страдање во мракот.
Бебето верник: Не, не! Јас не знам точно како ќе изгледа нашиот живот после породувањето, но во секој случај ние ќе ја видиме мама и таа ќе се погрижи за нас.
Бебето неверник: Мама? Ти веруваш во мама? Па каде се наоѓа таа?
Бебето верник: Таа е насекаде околу нас, ние во неа престојуваме и благодарение на неа се движиме и живееме, без неа ние едноставно не можеме да постоиме.
Бебето неверник: Глупости! Јас не сум видел никаква мама, и затоа е очигледно дека таа не постои.
Бебето верник: Не се согласувам со тебе. Зошто понекогаш кога наоколу сé замира, може да се слушне како таа пее и да се почувствува како го гали нашиот свет. Јас цврсто верувам дека нашиот вистински живот ќе започне само после породувањето. А ти?