Прашање: Да претпоставиме дека постојат духовно високоразвиени суштества на другите планети или во некој поинаков облик. Дали тие можат да нè чувствуваат, воспримаат, разбираат? Да речеме дали можат да го читаат и да го разбираат нашиот интернет на сите јазици? Како тие би го сфатиле преводот на прочитаната информација?
Одговор: 1. Ќе кажам веднаш дека никаде нема никој освен нас. Барем само заради фактот дека поимот “место” е исто така само наша замисла во себеси.
2. Ако пак одговорам на ваш начин на прашањето, тогаш би рекол: бидејќи сé што постои е само различни форми на желбата за насладување (наполнување), тогаш и тие суштества би требало да бидат такви. Ако се духовно развиени тогаш можат да управуваат со своите желби, што им дава можност да ги споредуваат нивните желби со нашите и на тој начин да ги читаат нашите желби, да нè разбираат – без јазик и превод, туку нашите мисли и желби разголени, се нетрансформирани во зборови.