Прашање: Разбирам дека над својата егоистичка желба јас треба да изградам намера за давање - во однос на пријателот. Но како да проверам дали истата намера се однесува и на Создателот?
Одговор: Од една страна е желбата за насладување, од другата – Светлината, Создателот. И двајцата треба да се поврзат во една целина. За да се доведат до такво единство, изграден е систем кој во себе содржи семејсво, општество, овој свет и Вишите светови – целиот универзум. Но всушност, во таа работа земаат учество само двајца: желбата за насладување и желбата за давање. За да ги поврземе и да ги доведеме до единство, помеѓу нив е изградена целата таа средина преку која тие треба да се поврзат.
Од едната страна е човекот, од другата – Создателот. На средина – семејството, општеството, групата, човештвото со сета негова историја, сиот систем на Вишите светови и нивните дејства. Сето тоа се наоѓа меѓу нив, поврзувајќи ги еден со друг. Ако човекот сака да дојде до поврзување со Создателот, тогаш тој има единствена можност да се провери себеси преку групата, односно во суштина, - преку тие светови кои се наоѓаат меѓу него и Создателот. Само така тие можат да контактираат еден со друг.