Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Денот на раѓањето на човекот

07.09.2010

Создателот започнал да ја создава вселената од состојбата, која се нарекува "Првиот ден". А шестиот ден, т.е. после шесте процедури врз првичната творба ( желбата), бил создаден човекот, посебен вид на желбата. Овој ден ние го празнуваме како почеток на новата година, Рош ХаШана – почеток на промените. За пет дена – пет дејства над желбата за насладување, биле создадени сите услови, за да може да се создаде нова творба- Малхут.

Сите светови ( скалилата на скривањето), создадени пред човекот, - тоа се 9 први сфироти на Малхут на светот на Бесконечноста. Во нив бесконечната светлина, поминувајки преку 9 филтри, се "обојува" во особините на филтрите – световите, не самата, туки зависно од тоа, кој стои позади тие филтри и ја добива неа. Така се создадени сите светови.

Но создавањето на човекот – тоа е веќе нешто поинакво. Човек – тоа е обратно, не вклучување на Малхут во 9 сфироти, туку вклучување на 9 сфироти во Малхут. Тоа не е Светлина, помината преку сите филтри, која ги добила нивните особини – туку самите филтри ги добиваат особините на светлината која поминува преку нив и се стремат да и станат слични, не сакајки да создаваат препрека на нејзиниот пат, да ја менуваат. Секој филтер сака да ги добие особините на Светлината – во толкава мера, колку што е спротивен на неа. Тој е должен да ја запира Светлината, но не сака да и биде препрека на Светлината!

Тоа и се нарекува "човек", кој е спротивен на Светлината, но токму за сметка на испречените пред него филтри, сака да стане сличен на Светлината, отпечатувајки ги во себе особините на филтерот во обратна форма. Пред мене се скривањата, но јас ги претворам во отскочна даска, скривањата да ги направам откривања!

Заеднички јазик на Создателот и суштеството

Колку е поголема препреката испречена на мојот пат – толку поголема јас во неа гледам "помош од одвратната", согласно на карактерот и особините спротивната на светлината особина на мојот егоизам. Бидејки ако јас успеам да се кренам над него, над сите негови особини – тогаш ќе станам сличен на светлината. Зошто поинаку не ми е познато, како да станам сличен на Светлината.

Сите овие препреки јас треба да ги доживеам до последниот детал – јас се вклучувам во нив и се кревам над нив со силата на светлината! Меѓутоа токму тие ми го даваат нејзиниот облик, бидејки ниту самата светлина, ниту желбата за насладување немаат свој облик. И како поинаку може да се достигне таа сличност? Како да се поврзат две апсолутни спротивности – желбата и светлината?

Затоа на средина помеѓу нив се ставаат прегради, пречки на скалилото, скалила, како средство за нивно поврзување. И желбата за насладување, кое ги собра во себе сите овие препреки, на крај ќе стане целосно слична на светлината. Внатре таа ќе остане истата желба за насладување. Но овие филтри и помагаат да стане слична на светлината. Потребно и е само да се крене над нив! Да не ги доживува како препреки, кои ја ослабнуваат светлината – туку да ги вклучи нив во себе во спротивен облик.

Тоа се нарекува да се оди со " верба над знаењето". Од состојбата, каде што Бина се вклучува во Малхут, и Малхут ја добива власта над Бина, потребно ни е да се искачиме, за напротив, Бина да почне да превладува над Малхут и особините на Бина да станат одредувачки. Сите овие облици помеѓу Бесконечноста, Кетер, и последната, четвртата фаза, Малхут, се нарекуваат со називите ( особините) на Создателот и служат како примери, според кои Светлината може да создаде Малхут и да влијае врз неа. А Малхут, за сметка на обратната АВАЈА, од себе кон Кетер, може да се претвора во Светлина ( да разговара со Светлината), да и стане слична.

Овие 8 сфирот помеѓу Кетер и Малхут се како заеднички јазик, кој е возможен помеѓу Светлината и желбата, Создателот и суштеството. Затоа тие се нарекуваат со свети имиња, бидејки името – е откривање, постигнување на особината на Создателот, Неговиот одреден однос кон нас, Малхут. А тоа што јас не го постигнав, не е можно да се нарече со никакво име.

Од утринската лекција  на Десете Сефирот /07/09/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica