Истражување: Депресијата се шири како инфекција
Од новостите на „Нотр Дам вестите”: Спрема новата студија на Нотердамскиот Универзитет, одреден стил на размислување, кој што ги прави луѓето ранливи на депресија, всушност може да биде „заразен,” за другите, и шест месеци подоцна, да ги зголеми нивните симптоми на депресија. „Нашите сознанија укажуваат дека е можно да се искористи друштвената средина како дел од процесот за интервенција, било како додаток на постоечките сознанија и интервенции, или можноста за самостојна интервенција“. Спрема професорот по психологија на универитетот од Нотер Дам - Џералд Хефел. „Нашата студија покажува сознанија дека ранливоста треба да се смета повеќе како пластика отколку како непроменилива.”
Коментар: Повеќе од тоа, таа се пренесува како сите наши останати влијанија на животната околина и потоа назад, од околината кон нас, во облик на „вирусни” бранови, влијанија, кои ние не ги чувствуваме. Бидејќи сите ние сме поврзани на мрежата на универзалната врска помеѓу нас самите, исто како и со целиот нежив, растителен и животински свет, ние го фаќаме овој „вирус” и спротивно на тоа, тој ги фаќа нашите емоционални состојби. Ова најдобро се гледа во односот помеѓу домашните миленици и нивните сопственици: Животните се ставени на ризик да ги добијат истите болести, особено депресијата. Истражувањето повторно потврдува дека единката може да почувствува среќа единствено во „здраво” општество, а тоа пак значи дека општеството зависи единствено од нашиот личен однос и заедничката желба за среќа.
Од Блогот на М. Лајтман, 15.04.2013.
Радоста од враќањето на семејниот дом
Постојат три состојби: 1. Почетната состојба после создавањето на создаденото суштетво,
2. Процесот на поправката, и
3. состојба на крајот на поправката.
Овие состојби постојат единствено во однос на некој кој го достигнува духовниот свет. Но всушност ние постоиме единствено во Малхут на Ајн Соф (Бесконечноста), во желбата на создаденото суштество кое Го достигнува Создателот. Достигнувањето е достигнато со тоа што создаденото суштество се менува, постепено, и ја достигнува еднаквоста на особините со Создателот. Во соодносот со нивото на еднаквоста на особините, тој го достигнува Создателот секој пат подлабоко, додека не стане еднаков со Него, во сите особини и дејствија. Со тоа тој ја испонува Мислата на Создавањето, која што е да прави добро на Неговите создадени суштества. Во моментот желбата за примање се развива, до таков степен, каде што започнува да разбира и да го чувствува нејзиното постоење. Тогаш се јавува прашањето: „Кој ме создал и зошто јас постојам?” Сите мисли и акции одеднаш треба да се насочат единствено кон достигнување на еднаквост на особините и откровението на Оној кој му овозможил нему раѓање. На тој начин, ние ја достигнуваме суштината на целта на создавањето. Нај главната работа е постојано да се размислува за тоа како да ги прифатам движењата со кои Создателот управува со мене. Јас морам да прифатам сè како што пристигнува од таму: Нема никој освен Него, од Вишата Сила, и нема друга сила освен Него. Морам да разберам дека сè е во рацете на Создателот, и да оддлучам дека „ако јас не сум за себе, тогаш кој е за мене,” со цел да се достигне приљубување до единствениот корен што прави сè. Показател за таквото однесување е радоста. Нејзиното иполнување е единствено од поврзаноста, во копнежот да се донесе сето, од создавањето до неговиот заеднички корен.
Од подготовките на утринската лекција, 14.04.2013г, на Каб.Тв
Пионерската екипа на заедничката душа
Прашање: Што треба да направат учениците кои живеат во други различни култури, ако сакаат да почувствуваат дека се дел од Израел?
Одговор: Јас ќе се обидам да ги објаснам разликите помеѓу некој кој е Евреин по раѓање, по ген, и некој што не ги има овие гени, но сепак има склоност да биде „Јашар Кел,” штп значи да се стреми кон Создателот. Кажано е дека кога некој ќе премине во јудаизмот е повторно роден. Ова значи дека тој е 100% Евреин, дури и повеќе, бидејќи тој потекнува со многу подалечна желба. Кога тој ќе ја поправи, тој станува поблизок и повнатрешен од останатите. Раби Акива, од кога доаѓа сета наша Тора, не бил Евреин по раѓање. Во времето кога луѓето на Израел биле на духовно ниво, постоеле многубројни кабалисти кои што потекнувале од „народите на светот“.
Тука нема срам, туку напротив, бидејќи сè што нам ни е потребно од желбите за поправка се наоѓа посебно кај „народите на светот“. Речено е дека Создателот отпрвин сакал да ја даде Тора на народите на светот, со значење за поправката на АХаП. Така, Израел, (Галгалта ве Ејнаим) се само премин кон оваа поправка. Од таму, луѓето кои ќе се доближат до заедничката поправка и не му припаѓаат на народот на Израел, според нивното потекло, претставуваат пионерскиот дел на АХаП, тие „пионери” од заедничката душа што побарува поправка. Тоа е најважниот дел.
Така, тие пристигнуваат кај нас и служат како канал помеѓу нас и сиот свет. Јас многу се надевам дека тие ќе го развијат системот на интегралното образование, ќе започнат да го предаваат, и ќе го пренесат на целиот свет. Секоја нација има различна култура и различен менталитет. Така, единствено на овој начин ќе биде можно да се помогне во поправката на светот. Се очекува овие луѓе да добијат многу повисока награда, и нивната работа е многу поважна одколку онаа на луѓето кои што им припаѓаат на народот на Израел, по раѓање, бидејќи тие се вистински посредници и ги вклучуваат во себе желбите на АХаП. Заедно со ова, тие се креваат до нивото на Г“Е. Оваа слика сèуште не е целосно јасна, туку на самиот крај ќе стане јасно колку богата и важна е идејата на „преобратувањето“. „Преобратениот” е концепт, улога, што служи како канал помеѓу Г“Е и АХаП, кој што ја крева желбата за примање кон поправката.
Народот на Израел, истотака ги напуштил другите народи во Вавилон. Искрите на духовноста биле откриени, постепено, во заедничката желба; слој по слој, започнувајќи со Адам ХаРишон. После тоа, искрите кои преостанале од кршењето, наречени „точки во срцето” биле откриени во Аврам и кај илјадници други вавилонци, кои што тој ги земал, од таму, во земјата на Канан. На Почетокот тие луѓе биле дел од човештвото. Но после тоа тие да се собрале во групи, спрема нивната заедничка желба и подготвеност да го сакаат соседот како себеси, за повисоките сили да бидат откриени во центарот на оваа врска. Така е до ден денешен. Тоа ги вклучува и двете, оние кои што еднаш биле како дел од овој собир, исто како и оние кои што сèуште не биле во него, туку сега се будат. За оние кои припаѓаат на физичкиот Израел и оние кои припаѓаат на духовниот Израел, постои задача во заедничкиот систем. Но нам, тоа сèуште не ни е познато. Воглавно, некој кој пристигнува од народите на светот и се приклучува со народот на Израел, има важна улога која што допрва треба да се открие. Тие се особено оние кои што основаат движење кон процесот на поправката. Г“Е, тие не може да напредуваат самите; им недостасува желба, недостаток од сила за движење. Па затоа, речено е дека народите на светот ќе го носат Израел на нивните рамења до Ерусалем да го изгради Храмот. Не е возможно да се достигне Создателот, односно духовното кли наречено Храм, без движењето што го спроведуваат народите на светот, тие луѓе кои ја разбираат овааа задача, овој процес, оваа цел. Израел, самиот не може да го направи сето тоа. Затоа, нашата работа со сите групи во светот и нашата грижа за нашите браќа, кои се дел од народите на светот и се дел од групите во светот, е многу важна. Важноста на овие групи ќе биде откривана сè повеќе и повеќе.
Од 1-от дел на утринската лекција, 15.04.2013, според „Писанијата на Баал ХаСулам“ на Каб.Тв
Двата суштински дела на молитвата
МаН е преведено како Меи Нуквин (женски води), што значи дека во молитвата треба да има два елемента: Малхут и Бина. Маим (вода) е Бина, и женската особина е Малхут. Единствено тогаш се говори за кревање на молитва, МаН. Ако јас чувствувам само жал затоа што се чувствувам лошо, станува збор за Малхут. Прашањето е за што треба да чувствувам жал, кого да одбијам, што сакам да примам? Мора да постои чиста слика на оваа желба која што го врзува Малхут со Бина: желбата и нејзината насока. Мора да разберам на кого му се насочени мојата тага и мојата болка. Можеби јас едноставно се чувствувам тажно бидејќи сум лошо расположен, но тоа не се смета за молитва, кревање на МаН. Ако се чувствувам лошо бидејќи Создателот е прикриен, и не ја чувствувам важноста на духовното напредување, не сакам да дојдам на предавањата туку повеќе би спиел, тоа не е кревање на МаН. Тоа е само чувство на празнотија во моите егоистички желби. Сè зависи од тоа што сакам, зошто ми е жал? За кого ми е жал? Ова значи дека причината за мојата тага, за мене мора да биде надворешна. Тогаш јас ја обликувам МаН со двете незадоволства, две Малхут: Малхут на Бина и Малхут на Малхут. Молитвата мора да биде точно насочувана.
Од 1-от дел на утринската лекција, 15.04.2013, според „Писанијата на Рабаш“ на Каб.Тв
Развојната дијалектика и проблемот на одговорноста
Баал ХаСулам, „Мир”: И ти откриваш дека сите семки од кои добрите состојби растат се само расипани намери, самите по себе, со значење дека сите изложени зла кои што доаѓаат од рацете на нечестивите во генерацијата, се обединуваат и собираат како една голема сума, додека тие не стежнат толку тешко што општеството не може повеќе да ги поднесе. Тогаш, тие се креваат горе и ги уништуваат, создавајќи ја повеќе посакаувана состојба.
Сето зло мора да биде изложено бидејќи доброто ќе из`рти од него. Не е можно да се постигне доброто ако не му претходи откривањето на злото. Нема ништо ново во него. Аврам говорел за овие теми. Тоа е многу добро познато во кабалата и надвор од неа. Историјата, природата, и дијалектичките процеси даваат докази за тоа. Секоја состојба трае додека кратките надоаѓања не ја уништат сегашната состојба и не обликуваат некоја последователна. Ова се научни и историски факти. Сите закони важат и за човештвото. Не е случајно што децата не им се покоруваат на нивните родители; тоа е природно.
Прашање: Ако злото е неизбежно, зошто Создателот го нарекуваме: „Добриот кој прави Добро?”
Одговор: Тоа е така бидејќи ја карактеризира развојната тенденција што е насочена кон целта, повеќе од колку кон самиот пат. Може ли некој да се развие ако се чувствува голем? Состојбата на целосна удобност не дозволува понатамошно напредување. Што ќе нè бутне напред ако сè е убаво? Проблемот е во тоа што добрите работи што нам ни се случуваат, ги земаме здраво за готово. Не ги цениме позитивните случувања во нашиот живот, ниту пак ги сметаме за важни. И обратно, се однесуваме кон тешкотиите како кон неблагодарен товар. Со други зборови, ние го цениме добрите и лошите работи со различни мерки. Конечниот исход на намерите што ги постигнуваме во тек на нашиот век на траење, испаѓа дека се спротивни на она за што ги сметаме. Ние едноставно не можеме да ги избегнеме „бодежите” на животот. Ако некој каже лоша работа за нас, ние вриеме многу месеци потоа, додека не пронајдеме начин да го вратиме долгот. Сè што имаме во умот и срцето против тие кои нè навредуваат, нам ни изгледа нормално и природно: „Тој тоа го заслужил!”
Прашање: Сепак, зарем не треба да има баланс помеѓу неволјата и радоста? Наместо тоа, од самиот почеток е решено дека ние сме Му потчинети на Создателот. Како што е запишано: „Сè е во оставината, и грубост се шири низ сиот наш живот. Продавницата е отворена и продавачот продава на одложено плаќање; книгата е отворена и раката пишува. И сите кои што сакаат да позајмат можат да дојдат и да зајмат...” (Баал ХаСулам, „Мир”). Што точно Тој ми позајмува?
Одговор: Работата е во тоа што ти можеш да земеш намирници од продавницата, сега, но да платиш за нив подоцна. Денес, самопослугите користат систем во кој нивните сопстваници водат евиденција за тоа што нивните муштерии купуваат, на кредит. Најдоцна до крајот на месецот тие мора да ги платат сметките. На нашиот пат кон целта, нам ни е исто дозволено да зајмиме. Згора на тоа, ние не ги плаќаме нашите долгови во меѓу фазите, туку на самиот крај од нашиот пат, откако ќе ја достигнеме целта. Тогаш, ние единствено го молиме Домакинот да ни даде сила, посакувајќи да се здобиеме со некои доблести: „Каде е твојата дарежливост? Каде е твоето сочувство?” Земи сè што тие е потребно од полиците; сè ти стои на располагање. Твоите долгови ќе ги платиш на самиот крај од патот, откако ќе ја завршиш работата. Всушност, нема ништо за враќање, бидејќи ние толку ќе се смениме што нашата задолженост ќе исчезне. Па така, не мисли дека на Создателот Му е потребна нашата исплата. Не, Нему Му е потребно единствено нашето однесување. Тој од нас сака да се согласиме со Неговите пресметки и ништо повеќе од тоа. Нашиот „здрав” егоизам нè потикнува како да има трик од страната на Создателот, но тоа не е вистина. Со нашата обична согласност да примиме сила за поправка, ние веднаш ќе ја примиме и ќе ги отплатиме нашите сметки.
Од 4-от дел на утринската лекција, 15.03.2013, според статијата „Мир”, на Каб.Тв
Двете лица на Светлината
Баал ХаСулам: „Писанија за Последната Генерација”: „Факт е дека Израел е најомразената нација од сите нации, било да е тоа од верски причини, расни причини, поради космопитизмот, и.т.н...Тоа е затоа што омразата им предходи на сите причини, но, секој ги решава омразите спрема неговата лична психологија.“
Некогаш народот на Израел бил како еден човек со едно срце, па оттука иако тој денеска е распространет насекаде по светот, народите на светот нè гледаат како една целина. Во светот, овој став изворно влече корени помеѓу желбата за примање и намерата во име на давањето, и ние треба да ја поправаме единствено на духовни степени. Не смее да има поправки во нашиот свет. Иако постојат обиди да се „посредува“ помеѓу нас и нашите соседи Палестинците, Турција или останатите, не постои начин овие проблеми да се решат на ниво на нашиот свет. Тоа е затоа што нашата положба, тука, е единствено резултат на дејствие кое потекнува од Вишото. Тоа е еден од основните закони. На овој свет постои единствено каменета желба да се прима. Единственото нешто што може да движи е Светлината, силата на животот. Кога Светлината ќе пристигне, придонесува на невољата и злото. Зошто? Затоа што тогаш таа се открива низ нејзината опачина. Но ако Светлината пристигне како резултат на нашето барање за поправка (МаН), тогаш таа се открива како добра и добронамерна Опкружувачка Светлина (Ор Макиф, О“М). На тој начин единствената разлика е во мерката со која ние можеме да напреднеме побргу кон целта, преку силите што пристигнуваат од Вишото. Нашата слободна волја се наоѓа помеѓу овие две опции. Така не постојат ефикасни сретства на нивото на овој свет.
Разговори на сите нивоа: политички, ОН, и сите останати, се бескорисни. Всушност, сè е изникнато од дејствието на Вишата Светлина, која што влијае врз различните фактори во нашиот свет, спрема првата опција. Без разлика колку одлуки се направени на средбите на самитите и конвенциите, сè одлучува само Светлината. Суштински, политичарите се кукли, и единствена работа што е навистина ефективна е нашето барање за поправка, која што ја креваме пред да пристигнат негативните сили. Само тогаш негативните сили ќе се променат во позитивни - една по друга. Ние сакаме да се поправиме без да ја чекаме неволјата. Па, како да го постигнеме ова барање? Тоа го правиме со помош на групата и изучувањето (молитвата). Групата нè поврзува во едно тело, еден сад, и со молење за време на лекцијата ние се поврзуваме кон единствен извор на Светлина, со Создателот.
Од 3-от дел на утринската лекција, 15.04.2013г. според статијата „Народот на Израел”, на Каб.Тв