Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Дискусија во кругот

alt - 23.05.2012 Прашање: За што поточно треба да зборуваме за време на дискусијата во кругот?

Одговор: Најпрво, најдобро е ако круговите се составени од десет луѓе. Жените одделени од мажите, но сите вршејќи ја истата работа. Кругот мора да има личност одговорна за редот. На пример, дозволени се 15 минути за општа дискусија за одредено прашање, но некој зборува повеќе од 10 минути; ова значи дека треба да му се запре времето. Ова го прави личноста одговорна за редот која на сите по ред им дава право на збор. Тоа е прво.

Второ. Можно е некој наеднаш да скршне од темата, но тој мисли дека зборува на таа тема. Личноста одговорна за ред мора да го прекине. Личноста одговорна за ред во кругот се избира, и секој пат е назначена нова личност. Заради ова, секоја личност мора апсолутно да го изрази своето мислење во текот на тие 15 минути назначени за дискусија на одредена тема ( на пример: „величината на групата“, „величината на пријателот“, „величината на поврзувањето“, „потребата од постигнување единство“). Освен тоа, потребна е и размена на мислења, како пинг понг; овие размени на мислење мора да бидат тесно поврзани со темата, најблиску што може до центарот на групата, односно до обединувањето. Сите мора да мислат на тоа како зборот што некој го изговара ќе помогне во заедничкото обединување.

Семинарот почнува со заедничкиот инструктор – јас, или некој од студентите, на пример, кој води прелиминарен разговор. Не е важно кој го води разговорот, бидејќи величината и постигнувањето се раѓаат во заедничкиот напор на сите во групата: тука никој не предава одозгора надолу. Затоа фактот дека морам најпрво јас да ги водам овие настани е чисто фигуративен, само за да можат сите правилно да се фокусираат на проблемот, а потоа може да е некој друг. Со други зборови, прво треба да има прелиминарен разговор, а потоа самата обука. Најдобро е да се почне семинарот со постојана, може дури и позната мелодија, како вовед во истата програма. Најдобро е луѓето во кругот да седат многу блиску еден до друг, дури допирајќи се. Ова им влијае на таков начин што автоматски се зближуваат еден со друг, посакуваат да го почувствуваат нивното обединување, дури и физички. Може да се гушкаат или да се допираат со колената: човечката комуникација води до ова.

Од виртуелната лекција 23./05/12, „Основи на кабалата“

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica