Мислење: (Е. Андерсон, дир. на компанија за прозводство на вештачка интелеценција Celaton): Набрзо канцелариските работници ќе исчезнат како класа, иако тоа ќе има големи негативни последици за пазарот на трудот, но развојот на вештачката интелегенција не може да се сопре: роботите веќе можат да се движат, да зборуваат, да мислат, па дури и да се обучуваат. Роботите ќе ги извршуваат задачите секој пат сè подобро, што значително ќе ја зголеми нивната продуктивност, бидејќи роботот го запомнува она, што го научил. Роботот може да бара дупликати на документи, споредувајќи ги телефонските броеви и другите податоци со својата база на податоци. Тој може да чита и да разбира цели документи, склопувајќи заедно текстуални шаблони. Роботите се обучуваат да пишуваат документи, авторски текстови, да составуваат обрасци. Роботот доаѓа како замена за специјалистите во областа на продажбата, образованието, здравството, информациските технологии, менаџментот, финансиите и правото. Купувањето роботи за извршување на нискоквалификувана работа е профитабилно за компаниите, бидејќи нема веќе да има потреба да им исплатуваат плата и да обезбедуваат социјален пакет за специјалистите.
Реплика: Зарем не е поедноставно веднаш да се оди на нова организација на општеството и трудот: да се остават само неопходните, за нашата егзистенција, професии, а сите непотребни постепено да ги намалуваме и да создадеме социјално-општествена база за новиот развој на општеството – кога луѓето се зафатени наместо со претходната работа, со работа за промена на себеси и општеството. Тие се обезбедени со неопходното за рационална егзистенција, но мора 8 часа дневно да се занимаваат со изучување на природата на човекот, општеството и светот, за да го доведат човекот до особината на давање и љубов кон ближниот, а човештвото – до праведно и изедначено општество. Бидејќи природниот развој на општеството сеедно ќе нè доведе до таа форма, само преку долго барање и страдања.
Од блогот на руски јазик – 01.12.2013г
Без духовниот сад нема наполнување
Прашање: Како да се задржи интегралната екипа во подем во различните состојби?
Одговор: На ист начин, како и групата. Бидејќи сите ние треба меѓусебно да се поддржуваме. Одозгора ние добиваме само постојано растечка Светлина, и ако стануваме слични на неа, таа нè влече кон себе. А зависно од степенот, по кој се разликуваме од неа според особините, ние чувствуваме оддалечување од неа. Така што сè зависи од нашата работа, во спротивно нема да добиеме одозгора никаква помош. Меѓу народот, поради некоја причина постои мислење, дека сè ќе помине, сè ќе се среди само од себе – ќе преболиме, и сè ќе биде добро. Ништо нема да преболиме, ништо нема да биде добро. На духовниот пат невозможно е да му се даде наполнување на човекот без кли/сад, без тој да создаде правилна желба. Бидејќи ќе нема во што да се даде. Затоа, или ќе се подготвите за откривање на Вишата Светлина, а таа се открива само меѓу нас, или треба ова едноставно да го напуштите. Мора да ги стиснете забите, да ја наведнете главата и да работите на соединување. И колку е полошо, колку повеќе проблеми се појавуваат, толку е подобро. Стисни ги забите уште посилно и сепак поврзи се со пријателот, покажи му, барем за инает, колку се стремиш да се соединиш со него, без оглед на неговиот омаловажувачки однос кон тебе.