Одозгора надолу системот на Вишото Управување, наречен "Дрво на Вселената", слегува до нас во својот идеален облик: сите негови делови се правилно поврзани, секој е соединет со сите во апсолутна хармонија, се храни од сите и ги храни сите, согласно со своето скалило и општата моќност на системот, и создавајки една заедничка сфера. (Сферата – е симбол на совршенството). Сето е проткаено со "Сјајот на Шехина" – Светлината ги наполнува сите желби, кои се наоѓаат во взаемна хармонија и се надополнуваат една со друга.
Закон на овој систем е сите да дејствуваат само во неговите заеднички интереси, заемно и свесно. Таква градба е создадена од страна на Светлината, Создателот. Но ние се вклучуваме во строгиот центар на тој систем, како негов разбиен дел, ние треба да го спознаеме овој систем како разбиен, обратен на неговиот вистински облик – така ние го откриваме своето разбивање. Нашиот облик е обратен од обликот на системот. Излегува, дека јас се наоѓам во прекрасен свет, на Светлината и духовната хармонија, но поради тоа дека сум спротивен на системот во својот егоизам, јас го гледам светот апсолутно поинаков.
Вишата Светлина намерно ја крие од нас целата совршена реалност – би било ужасно да се осети нејзината совршеност! Затоа, јас гледам само мал дел од реалноста околу себе, која сум способен да ја впијам со својот ситен егоизам, и освен тоа, јас ја гледам во обратна форма – сето е лошо, сé е зло!
Јас ја воспримам во таа мера и форма, колку што сум способен да примам и да преживеам. А во мера на тоа, како јас се исправувам и се здобивам со желбите за давање, мене сé повеќе ми се открива таа сфера – проширувајки се и покажувајки ми, дека јас сум се чувствувам сé полошо и полошо! Но за тоа време, јас веќе ги добивам силите за давање, и се поправувам себеси и својата реалност. И така сé додека моето воспримање не се прошири на целата сфера, зафаќајки го целото "дрво", целиот систем, и јас можам да се вклучам во него правилно и целосно, со сета сила.
А сега засега ние постоиме во центарот на оваа вселена во обратна форма на неа, затворени внатре во сопствениот малечок свет, како црвот во горчлива репка...