Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Држете го крадецот!

04.09.2011 -
Прашање: Во нашиот свет е пријатно да се потчинуваш пред оној кој мислиш дека е важен. Зошто во духовниот свет е толку тешко да се поклониш?

Одговор: Во нашиот свет ние се поклонуваме пред важниот човек затоа што со тоа добиваме. Нашиот егоизам секогаш врши дејствија кои му се корисни. Ако човекот е влијателен, силен, богат, мене ми е пријатно да се поклонам пред него и да бидам околу него, да му служам, затоа што знам дека малиот обично добива од големиот, па сметам дека и јас ќе добијам нешто. Обично така дејствуваме на овој свет. Ако не, добиваме удари кои нè запознаваат со тој принцип.

Да речеме дека не сакам да слушам што ми зборува полицаецот. Тогаш добивам казна или судска покана и казна, па следниот пат го слушам. Во нашиот свет егоистички корисно е да се слуша силниот, а ако не го сфаќам тоа, тогаш животот ќе ме научи со удари. Меѓутоа, во однос на Создателот тоа не функционира, бидејќи Тој е сокриен! Ако ти се открие Неговото својство на давање, ти би потрчал по него, како крадец кој трча пред толпата и вика на цел глас: „Држете го крадецот!". Тебе би ти се чинело дека Го сакаш Создателот со целото твое срце и душа, затоа што можеш да добиеш толку многу од Него. Кој нема да посака да биде до силата која владее со целиот свет? Се разбира дека секој би го направил истото. Затоа Создателот не може да ни се открие како голем, моќен и дарежлив. Тој може да се открие само како пример за својството за давање кое ние самите треба да го добиеме. Но тогаш нема да Го сакаш и ќе бегаш од Него.

Затоа Тој никако не може да ти се открие – ни од добрата, ни од лошата страна, ни од страната на исполнувањето, ни од страната на намерата. Единствено што ни останува е работата со опкружувањето. Создателот ни дава мала почетна желба за давање, но сè останато ние самите треба да го откриеме, од опкружувањето кое треба да нè инспирира за давање, да ја зголеми нашата желба за меѓусебна гаранција. Целата наша работа се одвива со опкружувањето и скоро и да не ја засега Вишата Сила. Онолку колку што ќе вложиме во учењето, во опкружувањето и распространувањето – толку ќе ни доаѓа помош, пробудување одозгора. Поинаку не е можно. Во спротивен случај, ние би се бркале по Него, посакувајќи да Го фатиме или пак би избегале од Неговото својство за давање, плашејќи се од потребата да станеме такви и ние.

Од утринската лекција по статијата “Шамати“ - 04.09.2011
 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica