Прашање: Колку проценти треба да составува критичната маса, за да може да го промени светот?
Одговор: Не знам точно, но мислам дека приближно 10% од населението на земјата. Ако тие почнат сериозно да работат врз интегралното соединување, тоа ќе предизвика огромна промена во целото човештво.
Прашање: Односно ќе има многу луѓе, кои едноставно ќе речат: „Ми се допаѓа вашата игра, јас се согласувам”, - и така ќе се поправат?
Одговор: Да, сигурно! Тие постепено ќе ни се придружат. Колку луѓе во светот сфаќаат зошто живеат, и со која цел? Колку од нив активно учествуваат во животот? Колку од нив живеат според принципот: одам на работа, се враќам од работа, го стискам копчето, го вклучувам телевизорот – и ништо повеќе од тоа. Или: во сабота и недела одам на фудбал – тоа го чекам, а сè друго за мене не претставува живот. Така живеат – од натпревар до натпревар. Се разбира, во денешно време тоа се поддржува од страна сите влади, со цел да се одвлече вниманието на луѓето од проблемите.
Но луѓето ќе станат поинакви. Нема да ги задоволи трчањето по топката. Тие едноставно ќе го изгубат интересот за тоа. Денес сите тие хоби вештачки се обидуваат да им ги наметнат на луѓето, бидејќи политиколозите и социолозите имаат свој интерес во тоа. Но, тоа нема да се случи. Целата индустрија на спортот, на забавата полека ќе исчезне. Луѓето ќе наоѓаат задоволство токму во духовниот подем, бидејќи тој не може да се замени со ништо друго – ниту со сериските филмови, ниту со спортските игри, ниту со сексот. Сето тоа наеднаш ќе се покаже како мизерно наполнување, во споредба со она, со што ние можеме да се исполниме. Ќе биде многу тешко да се спуштиме од духовното ниво на некое друго. Дури и храната, сексот – најглавните наши инстинкти – со текот на времето ќе добијат, може да се рече, карактер на обичен ритуал. Ние ќе ги извршуваме, бидејќи тие се неопходни заради нашите контакти на земното ниво.
Колку години ќе живее човекот?
Прашање: Ние боледуваме и умираме затоа што ја губиме виталноста. Работејќи во интегралните групи, луѓето постојано ќе имаат заеднички непресушен извор на виталност, ќе се пpиклучуваат кон него, и ќе се наполнуваат. Дали тоа значи, дека ќе ги снема болестите, и ќе се продолжи животниот век?
Одговор: Тоа, дека луѓето постепено ќе престанат да го чувствуваат своето тело, и ќе го гледаат не како тело, туку како збир на сили, кој им го прикажува овој телесен облик, и воопшто целиот наш свет - ќе се случи наскоро, тоа е несомнено. Потоа, заедно со тоа, ќе исчезнат сите болести и сите проблеми поврзани со телото, со семејството и со сè друго, бидејќи сето тоа ќе се решава на друго ниво - на нивото на силите. Нашиот свет исчезнува, бидејќи исчезнува подлогата, на која тие сили ни ја цртаат сликата на светот, и на крај тој свет се губи. Така, ние ќе видиме, како заедно со овој свет ќе исчезнат сите проблеми.
Прашање: Но, сепак луѓето во интегралните групи ќе живеат подолго?
Одговор: Јас не ги знам меѓусостојбите. Нормално, дека човекот веќе ќе се чувствува како вечно постоечки и совршен во степен, во кој преку групата ќе ја чувствува Вишата Светлина. Можно е истото да се случува во текот на патот кон целта, во фазите на зближување со овие состојби. Но дека ние помалку ќе ги чувствуваме проблемите на нашето тело – тоа е сигурно. Храната, облеката и сè друго, ќе ни требаат само во соодветност со нашите неопходни потреби, не повеќе од тоа. Односно модата, рекламата – сето тоа ќе исчезне. Нашиот свет ќе стане сосема поинаков. А животниот век сигурно ќе се продолжи. Но не мислам дека тој ќе изнесува повеќе од 100 години.
Многу пати сум бил во Швајцарија, посебно во малите гратчиња, или во селата. Таму се смета за нормално ако човекот доживее 100 години. Тоа е навистина зачудувачки. Односно, едниот има над 90 години, другиот – 95. Го гледаш – нормален маж, цврсто старче, коси трева на стрмните долини. Јас не можам да си замислам како тој воопшто се одржува на падината, а тој згора на тоа уште коси. Затоа денес, со нормален начин на живот, човек нема проблеми да доживее таква возраст. Но јас не мислам, дека постои потреба за нешто повеќе од тоа. И во Библијата, патем речено, пишува: „70 години живот на човекот”. Ако пак животот е со посебна намена, тогаш 100-120 години. Затоа, генерално земено, ние малку ќе ја надминеме таа граница, но тоа нема некоја посебна смисла.
Кој ќе игра со крадците и измамниците?
Прашање: Сите сакаат да се соединуваат со нормални луѓе. Но во нашето општество постојат насилници, крадци, измамници, педофили и други непријатни личности. Како тие ќе ги играат интегралните игри? Кој ќе игра со нив? На каков начин може да се крене овој слој на луѓе?
Одговор: Сметам, дека групите треба да бидат формирани од луѓе, блиски еден на друг според менталитетот и другите параметри. Откога ќе се одберат луѓето за групите, тие ќе се адаптираат едни на други, и затоа не е пожелно да се примаат нови луѓе во групата или да се отсрануваат луѓе од неа. Треба да се посвети посебно внимание на претходното создавање на групата, бидејќи луѓето брзо стапуваат во контакт и потоа им е многу тешко да прифатат исклучување или воведување на некој друг во групата. Но тие треба да бидат хармонично поврзани меѓу себе, односно во погледите, чувствата, гестовите, да не зборуваме пак за јазикот! Тие треба да чувствуваат, дека меѓу нив не постојат бариери. Сите бариери се внатре во нас: дали јас го прифаќам или не, но ние со него сме исти, многу блиски, односно на сите наши земни нивоа сме многу слични. Тоа можат да бидат мажи, жени, - мешани и посебни групи. Самохраните мајки – подобро да се посебно, фамилијарните – посебно. Односно, треба да се гледа луѓето да бидат блиски, да не се презираат еден со друг, и да не се одбиваат во комуникацијата.
Ако луѓето сакаат да преминат од некоја група – тоа е лош знак. Како правило, кога човекот се наоѓа во добра група, односно во таа каде што се случува соединување, а достигнатото соединување е, всушност, неговата душа, во која тој потоа самиот ќе ја почувствува Вишата Светлина и Вишата сила, Природата, - тогаш како тој може да го напушти тоа?! Јас не можам да си замислам таква изјава. Меѓутоа, ако во почетниот стадиум на учењето се откриваат многу големи противречности и се разјаснува, дека човекот стигнал во таа група по грешка, тогаш тој треба тивко и брзо да се замени. Подобро е да не заминува во друга група, туку да се вклучи во новосоздадена група, според принципот на сличностите. Но кога веќе групата ќе се собере, ќе се сплоти, и во неа веќе постои чувство на заедничка комуникација, не можам да си замислам како може да се случи човек да посака да си оди. Тоа е разделба од најдрагото што го има во животот, од она кое што го грее и го одржува.
Прашање: Значи создадените групи ќе го отворат својот кожурец во пресрет на другите групи?
Одговор: Кога тие ќе можат да се кренат и ќе посакаат навистина да излезат од себе, кога целата група ќе стане како еден човек, оној кој доаѓа во групата ќе чувствува потреба да излезе од себеси. Така и групата, претворајќи се небаре во една личност, наеднаш добива желба да излезе подалеку од себе – тогаш таа е способна да се соединува со другите групи. Кај нив треба да се појават заемни желби за проширување – притоа не е важно со која група, и како.
Од разговорите со Д-р Михаел Лајтман на Каб.Тв