Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Духовно чувство

Прашање: Како можеме да престанеме да функционираме преку умот и да научиме како да ги чувствуваме другите?

Одговор: Прво го чувствуваме светот, па потоа размислуваме за него. Анализираме и доаѓаме до некои заклучоци бидејќи чувствата доаѓаат први, и тогаш умот ги анализира овие чувства, создава слика од нив, ги проценува, ги презентира и прави разлика меѓу нив. Значи најпрво, треба да чувствуваме. Но не можеме да размислуваме за тоа што не го чувствуваме; не можеме да го сфатиме тоа на никаков начин, ниту да го земеме предвид. Најпрво, потребно ни е духовно, повисоко чувство, односно својство на дарување, во кое ја гледаме следната димензија. Заедно со сегашната димензија, ќе ја направи сликата за светот целосна. Тоа го сакаме: тоа што го имаме денес да ни биде откриено во левата линија, а тоа што е во силата на дарување ќе се обидеме да го откриеме во интегрираниот систем (десната линија), и сето тоа мора да живее во нас. И постојано поврзувајќи ги, ќе се двиѓиме напред кон целта додека овие две линии, сили не се поврзат.

Од виртуелна лекција 29/08/2012

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica