Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Душата нема возраст

28.12.2010 -

Прашање: Каква можност има детето да се приклучи во вашиот образовен систем?

Одговор: Детето ќе се приклучи кон таа "средина на постоењето" преку интернет, на разбирлив за него јазик и во соодветна за него форма. Потребно е прво да се охрабрат децата да се насочат во тој систем и тие ќе се поврзат со другите деца од целиот свет и во него ќе се чувствуваат добро и ќе напредуваат. Мислам дека веднаш ќе има забележителни резултати. Веќе после неколку недели ќе почувствувате дека детето се менува. Обидете се да позборувате со него и ќе забележите колку созреало, станало помудро и почнало да одговара на прашањата како возрасен, поинаку да се однесува кон комплетниот живот.

Ние треба да се однесуваме со детето како со возрасен! Душата нема возраст! Проблемот е дека ние гугаме со децата и ги расипуваме. Детето не сака со него да се однесуваме така – тоа сака да биде исто како и ние! Треба само да се земе предвид дека физички е помало и послабо од нас. Меѓутоа внатре – тоа е апсолутно возрасно и големо.

Треба да се однесуваме со него и да зборуваме како со возрасен – сериозно објаснувајќи, советувајќи се и слушајќи го неговото мислење, како на возрасен човек. Ќе забележите колку децата тоа добро го примаат и го сакаат. Да бидат возрасни за нив е интересна игра.

Не смееме ние, возрасните наместо тоа да се спуштаме до нивното ниво и да играме како да сме деца – тоа не е правилно! Не играат тие, туку ние!

Тоа е многу важен принцип на воспитување – да се однесуваш со децата како со возрасни. Не гледајте што тоа изгледа како мало дете – така изгледа само физичкото тело. А од тоа детско тело ве гледат очи на возрасен човек кој внимателно ве следи и се разбира!

Да се смета за дете е грешка, која се протега кај човекот уште од античко време, проследена со сите видови на бајки, кои проповедаат фетишизам и секакви суеверија. Сето тоа треба да се исфрли. Ние се разликуваме од детето само на животинското ниво – но ако ние се поврзуваме на нивото на човекот во нас, тогаш треба со сите да комуницираме како со еднакви на нас. Детето е наш рамноправен партнер во создавањето на оваа нова метода на образование, и треба со него отворено да се зборува за сè и да се бара од него целосно учество.

Нека децата седат на собирите заедно со возрасните и нека учествуваат во сите дискусии, во изградбата на програмата – немаме ништо да криеме од нив. Токму со тоа тие ќе пораснат. Тие не сакаат да добиваат од нас сè подготвено – тие сакаат самите свесно да го реализираат тоа уште од почеток. Ништо не треба да се крие од детето – тоа не е дете! Треба да се однесуваме со него како апсолутно еднакво на нас.

Од утринската лекција според статијата “Кабалата и филозофијата “ /28/12/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica