Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Европа - заеднички дом,заеднички проблем

09.01.2011 -
Прашање: Имаме неколку десетици луѓе во Холандија, кои се подготвуваат да земат учество на Европскиот конгрес во Берлин.
За повеќето тоа ќе биде прв конгрес и некои уште не ја сфатиле целта на конгресот и зошто навистина е неопходно да пристигнат на него. Како да ги подготвиме за Конгресот?

Одговор: Европјаните мора да сфатат, дека нивниот континент се наоѓа во најголема опасност во споредба со сите други. Од целиот свет, Европа е исправена пред најголемиот и сериозен проблем. Ако тој експлодира, тогаш може да резултира со трета светска војна.

Токму поради тоа дека европјаните одлучиле да се обединат, но од друга страна тоа обединување е егоистично, нивната состојба е многу кревка. Ако еден егоист се одвојува од другиот со граница, тие сé уште можат некако преку оваа граница да ја одржуваат врската според воспоставените правила.

Но, ако не постојат формални врски и сите излегуваат на заедничкиот пазар, со целокупната економија, со огромните проблематични резерви, кои ги има Европа, јас не гледам никаква можност таа да живее во мир и просперитет. Како е можно такво нешто?

Тоа би било спротивно на законите на Природата. Европа ја очекуваат многу посериозни проблеми ако европјаните не ја прифатат неопходноста на поправката на своето его. Тие се ставија во таква ситуација што едноставно немаат избор.

Токму Европа сега служи како експериментална лабораторија за примена на методот на кабалата, затоа што посака да се обедини врз основа на егоистична корист. И сега, секој ден таа ќе мора да открива дека ова е страшно зло - најлоша од сите варианти.

Затоа европјаните мораат да допатуваат на конгресот и сите ние заедно ќе се обединиме, привлекувајќи ја Вишата сила и посакувајќи таа да повлијае врз овој дел од земјата и да ја поправи. Бидејќи во спротивно, таа може да донесе страдање во целиот свет, а тоа ќе биде наш заеднички проблем. Јас ви се обраќам во име на целото светско кли, ние сме должни тоа да го направиме.

Европа е најпроблематично место во светот, со сите свои земји во распаѓање и заедничката валута. Јас не гледам никакви симптоми на нејзината добра иднина. Иако Европа има многу добра основа, меѓутоа односите меѓу сите земји се такви што токму тој моќен потенцијал кој таму постои, ќе доведе до огромна експлозија.

Освен општествените проблеми нас нé очекуваат природни катастрофи, пред кои сме сосема немоќни. Климатските проблеми се зголемуваат, а Европа е целосно зависна од Атлантскиот океан и ранлива од сите страни. Тоа е многу голем проблем.

Човештвото нема сили и методи да им се спротивстави на таквите ситуации кои сега почнуваат да се создаваат во Европа – освен да се придржуваат на методот на кабалата. Наша задача е да се донесе знаењето на овој метод до сите, и нејзина реализација. Затоа, ве очекувам сите на конгресот во Берлин! Немам ништо повеќе да додадам.

Од утринската лекциа “Кабалата и филозофијата“  /09/01/2011

 

Рав за Конгресот во Берлин !

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica