13.04.2011 -
Прашање: Што може да се земе од целиот процес на излез од Египет за нашата секојдневна внатрашна работа?
Одговор : Ние треба да се стремиме само кон една состојба – кон соединување во група. Групата е човештво во мало. Не можеме веднаш да делуваме во вселенски размери, во целото човештво, но во групата можеме да ги разработуваме сите принципи на односите меѓу луѓето.
Таму ќе ги откриеме сите состојби: „спуштање во Египет", „потоп во Египет", „бегство од Египет". Ќе ја почувствуваме омразата од Фараонот – егоизмот, ударите од него, објаснување на нашата природа. Сето тоа се разјаснува на едно место – во мојата врска со пријателите. „Ближен" за мене се пријателите, затоа што јас не можам да го сакам целиот свет.
За мене групата е на некој начин целото човештво, во неа можам да ги разработам сите свои внатрешни карактеристики. Секогаш, обидувајќи се да се соединам со пријателите и откривајќи во себе поделба, омраза, отфрлање од другите, јас добивам нови внатрешни појаснувања.
Можно е тие појаснувања да се работа „од Египет" или дури „до него". Тоа не е важно. Ние сè уште не можеме точно да ги разликуваме тие етапи. И воопшто, сè до излезот од Египет немаме прецизни разлики.
Дури како последици почнуваме да сфаќаме што всушност сме поминале. Сето тоа се случува во темница, каде што владее егоистичката желба, каде што се обидувам да бидам во неа, со неа или против неа. И затоа тие појаснувања се нејасни.