Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Егоизмот е цар без круна

04.09.2011 -
Создателот го направил човечкото битие за да го дарува со добрина, затоа што таква е неговата природна добрина. Со силата на своето совршенство, Тој има својство за давање и до тоа совршенство, до тоа давање, Тој сака да нè донесе и нас. Но, за тоа е потребно ние да го посакаме тоа давање, да почувствуваме потреба од него, а потребата се чувствува само од недостигот, од спротивноста: јас чувствувам дека имам потреба од она што го немам, сакам да бидам некој друг, а не јас. Оваа разлика се нарекува потреба. Ако оваа потреба не произлегува од страна на Создателот, туку од самото битие, се нарекува стремеж. За да се дојде до таквиот стремеж, односно до самостојна желба, потребни се напори.

Ако ние вложуваме напори за да достигнеме нешто што го сфаќаме од претходно, тогаш тоа се нарекува работа внатре во знаењето. Но, ако се обидуваме да достигнеме некоја добивка која што не ја сфаќаме, тоа се нарекува напори над знаењето – против него, против разумот. Затоа нашата работа се состои од добивање стремеж за состојбата која треба да ја достигнеме.

За да ни се даде во себе да го изградиме овој стремеж, нас нè збунуваат, давајќи ни чувство дека сакаме да постигнеме исполнување. Всушност, ние треба да постигнеме сличност на својствата, што е сосема поинаква цел. Чувствуваме потреба да се исполниме себеси и се обидуваме да ја оствариме таа потреба на неживо, растително или животинско ниво – секој во своите можности. Но вистинското исполнување кое ни доаѓа се нарекува „човечко" и не се состои од едноставно исполнување на својата желба. Желбата на човечкото ниво се исполнува со чувство на сличност на Оној кој дава, сличност со Создателот. Тоа се нарекува Светлина, исполнување. Колку повеќе сум сличен на Него, толку поголемо исполнување чувствувам. Тоа веќе не е мало осветлување, туку целосна Светлина НАРАНХАЈ.

Нашата задача е да го бараме ова исполнување, да си го претставиме него, но и желбата за него, да ја откриеме методиката која овозможува доближување до него – наместо барање на исполнување за своето животинско тело со секакви непотребни наслади, јас би се стремел да го исполнам човекот во себе – давањето, сличноста со Создателот. Ако молам да бидам сличен на Него – јас го откривам Него. Ако, пак молам да се исполни животното во мене, тогаш во зависност од нивото на својот развој обично добивам спротивен ефект, да бидам вратен кон целта на битието. Затоа човекот секогаш се наоѓа помеѓу две сили – силата на светоста и нечистата, егоистичка сила. Тие и двете дејствуваат врз него и го насочуваат. Но, искрено ние напредуваме со лошата сила, затоа што нашата природа нè тера цело време да бараме егоистичко исполнување и со посредство на секакви удари, разочарувања, непријатни прилагодувања се држиме на правилната насока и така напредуваме.

Затоа нечистата сила се нарекува „цар без круна", затоа што таа не се стреми да ја достигне царската дарежливост, туку сака да се исполни самата себе. Таа го збунува човекот и му ја зголемува неговата егоистичка желба, истовремено со чувството на празнина и бессилност. Постепено, заедно со чувството во нас почнува да расте разумот. На крај човекот гледа дека неговите желби пораснале, а исто така и разумот, и затоа што толку време не го добива посакуваното, гледа дека тоа не е вистинскиот пат и треба да се движи поинаку. Така со помош „од спротивното" ние напредуваме кон целта на битието.

Од утринската лекција според статија од книгата “Шамати“ - 04.09.2011
 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica