Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Еден живот и заедничка молитва за сите

alt- 24.05.2012 Центарот на групата е точката во која стануваме слободни од сите делови на кршењето и сакаме да се концентрираме само на нашите искри, обединувајќи ги заедно. И колку повеќе бараме да ги обединиме овие искри, толку повисоко се издигнуваме на духовната скала. Заради овие напори, откриваме нова длабочина на желбата во нас и се открива поголема Светлина во единството на искри. Поврзувањето на искрите е „Решимо де Хитлабшут“, а длабочината на желбата над која сакаме да се поврземе е „Решимо де Авиут“ и затоа почнуваме да се поврзуваме во нашиот прв заеднички духовен Парцуф, во кој чувствуваме само една душа.

Прв пат ќе се почувствуваме во интегралната реалност каде што сите сме поврзани еден со друг и внатре во неа ќе го почувствуваме духовниот живот – еден за сите. Речено е: „Нема никој друг освен Создателот“, еден за сите: една мисла, една Светлина, унифициран систем. Ќе се чувствуваме себеси живеејќи во една Виша Сила. Тогаш, ќе почнеме да ја препознаваме сè повеќе и повеќе, да разликуваме повеќе нејзини карактеристики, различни односи кон нас во врска со големината на Парцуф.

Но првата точка од која мора да почнеме е точката на нашето единство, наречена центар на групата. Таа се состои од два елементи: Првиот е надминување на нашиот егоизам, Решимо де Авиут, а вториот е нашата желба да се обединиме преку нашите искри, односно Решимо де Хитлабшут. Ако правилно ги инсталирам во однос едни со други, тоа се нарекува верба над разум.

Сè се сведува на една реалност, на единечна состојба. Вербата е поврзувањето на искрите, а знаењето е силата на егоистичката желба, над која сакаме да го изградиме нашето поврзување. Не е важно ако не успееме да стигнеме до посакуваното и да се поврземе во центарот на групата. Најважно е колку напор вложуваме во тоа. Бројот на вложени напори ја одредува успешната состојба.

Никогаш нема да постигнеме успех директно преку нашите дела, туку само кога ќе ја привлечеме Светлината кон себе за да може Создателот да ја заврши работата наместо нас! На крајот на краиштата, „затвореникот не може да се ослободи сам од затвор;“ сè се случува благодарение на помошта од Вишото, преку молитва и нејзин одговор.

Од првиот дел на дневната кабала лекција 24/05/12, „Разговор за работилницата“

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica