30.01.2011 -
Ние не можеме егоистично да се развиваме понатаму. Денес егоизмот ненадејно станува наш непријател. Некој би помислил, зошто? Нека продолжи да се развива технологијата, културата, науката, преселбата на други планети... Може бесконечно да се бараат други далечини.
Проблемот е во тоа дека задачата, целта, замислата на создавањето не е во тоа. Природата е така изградена што ние ја достигнуваме конечната егоистична состојба а потоа почнуваме неописливо да страдаме од нашиот егоизам, не сакајќи повеќе во него да се развиваме. Со други зборови, ние доаѓаме до некоја криза која ни кажува дека егоизмот е краен. Тука ти си завршил и понатаму нема што да правиш. Понатаму нема да можеш во него да се развиваш и да се наполнуваш, нема да можеш да достигнеш во него ниту една удобна состојба. Во сé ќе се чувствуваш празен и завршен, минлив. Тоа ни е дадено за да се кренеме на следното ниво – на нивото на Создателот, Вишата Природа.
Таа гранична ситуација се создава денес во светот според претскажувањата на сите кабалисти. Сакале или не, егоизмот ќе ни ја покаже целата своја ништожност, ќе стане "помошник против нас" и самиот ќе издемонстира дека е неспособен да ни обезбеди наполнување. Тој нема да ни го даде тоа што ние го посакуваме – ниту дома, ниту на работа, ниту во здравјето, ниту во безбедноста. Тој нема да помогне и во најважното – во одговорот на прашањето: "Зошто постоиш, ништожност?"
Ова прашање упатено до нас го брише цело наше "Јас". Тоа е најважно, најостро, ме уништува мене самиот, мојата гордост, моето битие, мојата суштина: "Кој сум, што сум, зошто сум?" Некоја бубачка или животно не прашуваат за тоа, тие само живеат и се наполнуваат, го извршуваат програмот што е вграден во нив. Додека јас не можам, јас сум понесреќен од нив. Кога не би постоел програм за повисок развој ние би продолжиле да егзистираме и понатаму на таков начин.
Америка со нејзиното потрошувачко општество и бескрајните холивудски далечини – сето тоа било природно, човештвото мислело дека токму тоа е нашата иднина, дека таму не постојат граници. Но, всушност се покажа многу брзо и конечно. Со тоа ние мораме да се согласиме, не можеме да го игнорираме: ние се соочуваме со сеопшта криза – криза на нашиот однос кон себеси и кон Природата. Таа не е привремена, и нема друга алтернатива.
Некогаш сме правеле револуции, социјални трансформации, се обидувавме да направивме нешто со себе и со околината, нешто да промениме, да подобриме. А сега нема каде да одиме. Ние чувствуваме дека немаме дури ни желба да менуваме што било. Токму тоа е вистинска криза. Но од друга страна токму од ова ниво започнува нашиот излез во Вишиот Свет. Човештвото слој по слој почнува да го осознава, да го чувствува тоа и полека се крева кон осознавањето и преминот во следната состојба. Во принцип, ние сме првите кои влегуваат во оваа состојба. По нас одат другите, и ние забележуваме дека секојдневно сé повеќе и повеќе луѓе почнуваат барем да го сфаќаат тоа кон што ние се стремиме, и ако не се согласуваат, барем го земаат предвид. Проблемот на светот и нашето решение се доближуваат така што решението станува сé појасно, слушано од луѓето.
И иако е потребна огромна внатрешна револуција во чувствата и во разумот за да се доведе човештвото кон новата состојба, процесот трае веќе неколку години, доста брзо. Никогаш човештвото немало такви острите свиоци како што ги има сега. Кабалата станала широко позната само пред десет години – и видете што веќе се случило до денес. Настаните брзо се развиваат. Сепак треба да поминат можеби и уште неколку години за да може да се зборува со светот а тој да слуша.