Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Еколошко описменување

30.01.2011 -
Слушајќи ги еколошките вести на радио и телевизијата ние треба да разбереме дека луѓето ги мешаат причината и последицата, не ја гледаат целта. За нив целта е: да се доведе во рамнотежа сé, за да се вратат во удобната состојба. Но тоа не е така, во кабалата тоа е сосема поинаку.

Зборувајќи за враќање на светот во добра состојба ние не ја следиме истата цел која ја следи целиот свет. Ние сфаќаме дека надворешната сила на Природата намерно ја создала тековната состојба согласно со одредениот програм. Кабалистите тоа го претскажувале и ни давале рокови со точност до една година. Во Книгата Зохар приближно за 1800 години било напишано кога и што ќе се случи. Причината не е во загадувањето на околната средина од наша страна. Од каде кабалистите можеле точно да го знаат тоа? Програмот на Природата не е наменет за да ние нешто загадуваме или чистиме. И затоа вложувањето на пари во чистењето нема да помогне.

Тоа е исто како да се создаваат нови закони против крадењето и наркоманијата. Ние знаеме дека тоа не помага. Затворајќи го човекот во затвор го оддалечуваме од општеството, но никогаш со тоа нема да го воспитаме. Токму затоа ние ги разгледуваме природните настани не како поучни предупредувања, туку само како причина за самите внатре во себе да се менуваме во односот еден кон друг.

Запирајќи го загадувањето ние со тоа во никој случај не можеме да направиме нешто добро и корисно – ниту за Природата ниту за себе. Првично сé е така наредено, не за да направи од нас добри егоисти во овој свет, туку за да нè крене во следниот свет. Во тоа се состои најсериозната разлика меѓу нашиот однос кон случувањата и односот на целиот свет. Светот дури осознавајќи ја претстојната катастрофа ќе посака само да се врати назад, "да ја избрише саѓата" од Природата.

А ние го воспримаме сето тоа како причина, поттик за да се поправаме, да се искачуваме нагоре и да создаваме рамнотежа не со околната природа, туку меѓусебно, на човечко ниво. Затоа, за да се сфати за што зборува кабалата потребно е одредено време. Брзо и едноставно да му се објасни тоа на човештвото нема да ни успее.

Од 2рата лекција на берлинскиот конгрес - 28.01.2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica