Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Електрични импулси на сомневањата

02.01.2011 -

Прашање:Ако човекот нема можност да провери дали е вистинско неговото чувствување на Создателот и љубовта кон ближниот или не е, како може тоа да го дознае?

Одговор: Луѓето кои сами сакаат да дојдат до вистинска потврда преку Светлината, која враќа кон Изворот – треба да ја реализираат овој метод врз себеси. Но бидејќи сите души се меѓусебно поврзани, тогаш утврдувањата направени од нив се распространуваат и на другите души.

Луѓето кои сега се задоволуваат со фантазиите, постепено ќе почувствуваат дека тие немаат никаква реална основа. Секој има своја фантазија и вера – некој пресметал, дека во светот постојат 3800 различни религии и верувања. Јас не сум го проверил тоа, но подготвен сум да поверувам во тоа. Само големата, развиена егоистична желба сé повеќе пробудувајќи се во човештвото, не сака да се задоволува со верата.

Но, бидејќи ние сé поцврсто го стеснуваме нашиот круг и поблиску се поврзуваме меѓусебно, а мислењата преминуваат од еден кон друг, при што повисокото мислење доминира над пониските – на таков начин ние го "шириме" знаењето на кабалата и внесуваме сомнеж во срцата на сите други. Но надворешно не треба никој да се разубедува, во ниту еден случај. Ако на човека му дошла во раце кабалистичка книга, и тој посакал да ја прочита – одлично.

Исто така треба да се земе предвид дека секој ја разбира на свој начин и наоѓа потврда на сопственото мислење. Затоа треба да се работи врз себе, и тогаш по зголемената егоистична желба која почнува да се открива во заедничкиот систем на душите ќе поминуваат "електрични" импулси.

Привлечената од нас Светлина ќе доаѓа до сите други и тие ќе почнат да размислуваат на нов начин – ќе посакаат да го додадат знаењето кон верата.

Не треба верата сосема да се брише – но ако ѝ се додаде знаење, таа ќе се претвори во културни традиции. А додаденото знаење – ќе биде знаење на Создателот, Негово откривање на суштествата. Како резултат на тоа филозофијата ќе исчезне, религиите ќе се претворат во култура на народот и традиции, а науката кабала ќе му ја открие на човекот Вишата, вечна реалност.

Од утринската лекција според статијата “Кабалата и филозофијата“ /02/01/2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica