После разбивањето, под влијанието на информациските гени, разбиените желби поминуваат преку различни состојби на оддалечување од духовното на неживо, растително и животинско скалило. Така помалку ни се разјаснува нивната состојба, сè додека конечно не го достигнат човековото скалило. Тогаш тие почнуваат да сфаќаат дека некој ги спуштил во нашиот свет, во оваа состојба, во која тие се чувствуваат внатре во посебна желба, наречена „тело”. Небаре делче од Вишиот Свет го фрлиле надолу, и го потопиле во некоја течност, каде што тоа и останало.
Сега пред човекот стои дилемата: или да работи за овој свет, заради добиеното дополнување, за добро на телото – или да работи за доброто на душата. Треба да се одбере едно од двете. Сигурно е, дека овој избор не зависи од човекот, туку произлегува од сите животни циклуси, што ги има поминато на неживото, растителното и животинското ниво, каде што тој ја разјаснувал својата состојба. Душата, дојдена поблиску до својата реализација се нарекува висока душа, со која човекот може да одлучи, дека ќе дејствува поради душата, а не поради телото. Но за да дејствува за добро на душата, неопходен му е целиот овој свет, кој му помага да го достигне трепетот пред Создателот. Трепетот е духовен сад, желба, насочена кон давање. Внатре во таа желба, поточно речено внатре во намерата, се облекува Светлината од Вишото, која се нарекува Светлина на душата. Таа намера, која се формира од длабочината на желбата (авијут), екранот и Одразената Светлина – претставува духовен сад на човекот. И нормално, тој сад може да го развиеме само од овој свет, кревајќи се над овој свет, на висина од 125 скалила.
Луѓето, кои согласно со своите решимот, (духовни гени) стигнале до оваа реализација, се собираат заедно. Вишата Светлина влијае врз сите подеднакво, но ако се откријат информациските гени, созреани за поправка, тогаш тие стануваат многу блиски еден кон друг, и се стремат да се соединат. И како последица, човекот во овој свет доаѓа во групата. Но, по неговото доаѓање, врз него почнува да делува сосема поинаква калкулација, давајќи му слобода на избор. Бидејќи реализаијата на тие решимот треба да се одвива по желба на човекот.
Иако е речено: „Создателот – е прв, и истиот Тој – е последен”, и „не постои никој освен Него”, сепак подготовката кон ова откривање, кон осознавањето на величието на духовната цел од мракот на прогонството, целосно се наоѓа во рацете на човекот. И тука нема што да се прави. Дали на човекот овој товар ќе му се причини лесен или тежок – зависи од висината на целта, од неговата проценка на Оној, кому Му служи. Ако човекот не го цени учителот, групата, а следствено исто така и Создателот, тогаш ништо нема да му помогне. Бидејќи сите овие три компоненти се неразделни една од друга, и се Виши за човекот. Ако тој не ги цени, тогаш на крај ќе скршне од овој пат и ќе го запостави духовниот развој. Ако пак работи над ова, вложувајќи ги сите можни напори, само тоа ќе го спаси. Тоа ќе му помогне не само да го намали својот егоизам, својот земен разум, божемното скапоцено животно искуство, кое се покажува како бескорисно пред новите состојби, што му претстојат да ги помине, но и ќе му даде сила, гориво за да се движи по овој пат. Сето ова е можно само под тој услов - величието на целта, величието на групата, учителот и Создателот да значат за човекот повеќе од величието на неговиот личен егоизам.
Од утринската лекција според статија на Рабаш - 09.10.2012 на Каб.Тб