16.09.2010 -
Ние сме оддалечени од светот на Бесконечноста со 125 скалила на намалување на светлината, со скривања и апсолутно отсечени од вистинската реалност, небаре се наоѓаме без свест.Не разбираме кои сме ние и каде сме. Од оваа состојба нам ни е потребно да се пробудиме, да се освестиме и да се вратиме преку 125 скалила во тоа место, од каде што ние се спуштивме, кон својот корен. На тој пат одоздола нагоре, совладувајки ги скривањата, ние достигнуваме сличност со Создателот, стануваме исти како Тој.
Во реалноста, човекот во овој свет нема никаква можност самиот да се освести и да се крене од долната точка, погребена под 125 скалила на скривањето. Како што е речено: "Не може затвореникот самиот да се ослободи себеси од затворот" – нему му е неопходна надворешна сила. Ние не го чувствуваме вишиот свет и се замислуваме себеси во лажната сегашност. Нам ни се чини во нашата несвесна состојба, дека ние небаре живееме, а околу нас е свет полн со луѓе, Земјината топка и Вселената.
Такви ликови се создаваат во нашата несвесна состојба, и ни се причинуваат како вистински живот. А кога, како низ сон, до нас стигнуваат гласови, кои велат: "Па ти си без свест, откинат од вистинскиот живот, од духовниот свет!" – ние не им веруваме. И само луѓето, кои не гледаат од страна, разбираат, дека ние сме без свест.
Затоа ние треба да сме благодарни за пробудувањето во мене на "точката во срцето". Преку оваа точка јас почнувам да разликувам нешто, што доаѓа до мене од другиот свет – дека постои поинаква реалност.Но големите кабалисти се обидуваат да не' вратат во свест, да не' пробудат кон вистинскиот живот. Од Адам, кој првиот се освестил, до овој ден, се протега долга низа на кабалисти, кои го достигнаа вистинскиот живот. Но денес ние сите мораме да се освестиме. И нашиот лекар Баал ХаСулам со својот асистент Рабаш, ги вложуваат сите сили да не' освестат. Токму тие го предизвикуваат зракот на светлината, кој продира од вистинската реалност во нашата исклучена свест.
Од лекцијата посветена на сеќавањето на Баал ХаСулам /16/09/2010