Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Завртка која го предизвикува уништувањето на светот

Баал ХаСулам, „Мир во светот“: „Секој поединец во општеството е како тркало кое е поврзано со неколку други тркала поставени во машина. И ова единечно тркало нема слобода на движење и врз себеси, но продолжува со движењето на другите тркала во одреден правец за да овозможи машината да ја извршува нејзината главна улога.“

Да претпоставиме дека ти си завртка во мотор и се расипуваш. Како резултат од тоа целиот мотор се расипува заедно со тебе. Автомобилот и патниците внатре не можат да се движат, го блокираат патот за други автомобили со други патници во нив. Сето ова се случува заради една мала завртка. Имаше ваков инцидент во англиската армија, кога кралот изгуби битка заради потковица која се скршила од копитото на коњот. Коњот почнал да криви и ова ги обесхрабрило војниците и довело до нивен пораз. Подоцна откриле дека еден скршен клинец бил причината за нивниот пораз и за смртта на илјадници.

Па која е цената на една единствена завртка? Вреди колку цела штета што може да ја причини ако се расипе или не функционира правилно. Излегува дека на светот си му важен според твојата вредност, бидејќи страдаме заради тебе. Меѓутоа, ако ја извршуваш својата работа, тогаш ќе го постигнеме крајот на поправањето. Ова значи дека ти си ни мил, бесценет всушност, бидејќи сé зависи од тебе. Со други зборови секој вреди колку целиот свет, и според неговиот придонес и според штетата која може да ја причини.

Од четвртиот дел на дневната кабала лекција 10/09/12, „Мир во светот“ на  Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica