Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Задолжителен предмет

alt - 23.05.2012 Прашање: Ако градот што воведува интегрално образование има свој универзитет, може ли да се користи како елемент на инфраструктурата за овој процес?

Одговор: Мислам дека тука секако мора да делуваме преку сојузните оддели со цел да добиеме дозвола да го додадеме интегралното образование како задолжителен предмет во институциите за вишо образование. Инаку би било невозможно да се влезе во било кој образовен систем. И кога ќе се добие такво упатство, тогаш соодветно на тоа ќе биде доделен еден час дневно, да речеме, во кој од секој студент ќе се бара да ја учи оваа методологија, да учествува во неа. Ова е доволно за студентите. Мислам дека нема да има проблеми: тие сé впиваат многу брзо и лесно работат со книги. На овој начин, интегралното образование ќе стане задолжителен предмет.

Прашање: Колку часа на ден треба децата на училишна возраст да учествуваат во интегралната методологија?

Одговор: Имаме големо искуство со деца на училишна возраст. По училиштето, децата доаѓаат во нашиот центар за интегрално воспитување и тука поминуваат неколку часа. Атмосферата во центарот значително се разликува од онаа во училиштето, каде што тие не се пријателски расположени. Затоа, на детето му е потребен еден час за да може постепено да се префрли од една средина во друга. За нив, ова е премин од еден свет во друг. Учењето се врши во облик на лекции со игри и дискусии. Мислам дека децата, воспитувачите и целиот училишен систем ќе бидат многу среќни за ова бидејќи нашиот метод радикално ја омекнува криминалната атмосфера.

Од „Разговор за интегралното образование“ #23, 23/30512

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica