Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Заеднички живот на Светлината и желбата

Ние сите се вклучуваме во една единствена постоечка состојба – Светот на Бесконечноста како делови на заедничкиот систем. Тој постои како единствено тело, слично на жив организам, кој се состои од различи внатрешни подсистеми, кои ги пренесуваат крвта, течноста, лимфата, нервните сигнали. Така сме сите ние поврзани на ниво на светот на Бесконечноста како еден прекрасен, вечен организам, кој работи како идеално усогласена машина слична на светлината што ја исполнува.

Желбата и Светлината,која го исполнува, работат во заедничка хармонија. Како во секое здраво тело, во тој систем се случуваат процесите на расширување-собирање: пулсот, дишењето, биењето на срцето. Нека желбата и светлината се спротивни една на друга, но токму благодарение на тоа, помеѓу нив постои таква динамика, која се нарекува "живот". Токму од сите тие промени се раѓа чувствотот на живот! Кога би постоела само една светлина или само една желба – ништо не би се чувствувало.

Суштеството се чувствува себеси токму за сметка на тоа, дека светлината и желбата делуваат заедно во хармонија – некогаш повеќе светлина, некогаш повеќе желба. И тако цело време, едното го надополнува другото. Или светлината станува поголема, затоа што желбата намерно се намалила себеси, за да и даде на светлината можност да делува. Или светлината и дава можност на желбата да делува.

Како на лулашка – те едната е повисоко, те другата. Така ние си даваме еден на друг да се искажуваме, полетувајки нагоре! И со таа динамика на промените го раѓаме животот. Така се случува во светот на Бесконечноста, но нашата состојба намерно, вештачки е расипана, за да ја осетиме "предноста на светлината од мракот" – да ја почувствуваме својата спротивност на светлината и сами да се доведеме до совршенството. Само тогаш ние ќе можеме да го оцениме!

Ако пак ти си се родил веќе совршен, ќе живееш само автоматски и никогаш нема да го откриеш тоа совршенство во целата негова длабочина. Затоа се направени скратувања и скривања, оддалечување и разбивање – се до целосното откинување на суштеството од Создателот, до крајно неисправената состојба. И таа неисправеност се наоѓа внатре во нас, во нашето воспримање – и само толку.

Јас се чувствувам сега себеси во некое тело ( што е само илузија) и во некој свет ( замислен), и се затоа што се наоѓам без свест. Јас се наоѓам во светот на Бесконечноста, но во несвесно бунило си замислувам секакви слики. Токму целото тоа мое бунило се нарекува овој свет... – последното, најниското и најлошото скалило од сите можни состојби.

Оттука станува јасно, дека нам ни е потребно самите да вложиме напори за да се вратиме во свесна состојба и во чувство на совршенство – тогаш ние ќе разбереме што тоа означува во целата негова длабочина.

Од утринската лекција 13/08/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica