Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Заеднички контакт

Прашање: Семинарот претставува многу моќно дејство, кое секој пат се чувствува на поинаков начин, еднаш поостро, друг пат пригушено...

Одговор: Сигурно, бидејќи во процесот на семинарите се формира заедничка желба, заеднички разум, се создава создава генерализиран лик на човекот – Адам. Тоа се случува постепено. Секој од нас во својата група составува некој мал орган, кој се соединува со другите органи. Секој во својата десетка го чувствува она, што го составува, и кога тука се собираме до 30 групи и повеќе, тогаш се добива голем број на сплотени желби. Ќе дојде време, кога сите групи ќе се собираат заедно во единствени желби. Сега треба да научиме многу брзо да влегуваме во заеднички контакт, за да можеме седејќи со десетте пријатели, за секунда да влеземе во него, и да се наоѓаме во него непрекинато долго време. Тоа за нас е најважно.

Духовно соединување

Прашање од жените: Како во внатрешната работа може ефикасно да се присоединиме кон Создателот преку машката група, без физички контакт со неа?

Одговор: Тоа се случува автоматски. Кога ние излегуваме на духовно ниво, тогаш таму се случува вклучување на машкиот дел во женскиот, и женскиот во машкиот, бидејќи во секој од нас ги има и едниот и другиот дел, и веќе не постојат поделби на жени и мажи. Затоа во историјата се познати истакнати жени- кабалистки, кои се наоѓале на ниво на достигнување на духовните скалила, наречено пророштво. Тоа е нивото ГАР де-Ацилут, т.е. многу високо ниво, кое било редко достигнувано од мажите. Така што жените, не се помалку способни, од мажите, за духовно постигнување. Единствено што треба да се надмине се секакви надворешни, овоземни, ситни животински препреки.

Во првите редови на духовниот напад

Бидејќи сме создадени од материјалот на желбата за насладување, потполно спротивен на Создателот, нашата поправка се состои во добивањето на нова преслека за себе, која се нарекува екран или намера. Тоа ни овозможува да ја искористиме нашата желба за насладување за давање – во иста форма, како што Создателот се однесува кон нас, бидејќи спојувањето е можно само за сметка на сличност на особините. Затоа нашата работа се состои во тоа, на почетокот да откриеме колку сме спротивни на Создателот, а потоа, според степенот на нашето жалење за таа спротивност, да побараме поправка: еднаквост на особините. Тоа всушност е сè, што треба да направиме.

Зошто воопшто е потребен целиот тој долг пат, зарем невозможно било веднаш да нè создадат совршени? И всушност, Создателот навистина создал сè совршено: ние се наоѓаме во светот на Бесконечноста, идентични, еднакви и апсолутно споени со Создателот – ни недостасува само свест за тоа. Затоа што свеста ја одредува нашата самостојност. Спојувањето е создадено од страна на Создателот, но од наша страна ние во таква форма сме слични само на капка семе, која се прилепила за матката, но сè уште не се развила во човек. Во неа уште нема никво чувствување на своето “јас, таа не се чувствува дека постои како самостојна личност. И за да го открие сопственото егзистирање, таа капка семе мора да се оддалечи од Создателот во чувствувањето на своето независно постоење за онолку, колку што тие биле силно споени.

Тогаш, од една страна, од гледна точка на природата на таа капка, таа ќе се оддалечува на сè поголемо растојание од Создателот, согласно со големината на нејзината желба, сè додека желбата не се намали до големина на точка, нула, “ништо” и сосема ќе исчезне. Но од друга страна, пред нас ќе се појави патот за назад: потребата да се совлада тоа огромно растојание заради разликите во природата, и да се достигне сличност на особините. Кога ние доаѓаме до еднаквост, и соединување над оваа дистанца меѓу нас, тогаш достигнуваме иста форма, каква што има Создателот, го разбираме, и го чувствуваме Него, Неговиот програм, целиот тој план. Заради тоа, ние од една страна стануваме самостојни, а од друга страна, се прилепуваме кон Него по наша желба и избор. Така ние го откриваме за нас целото творение. Како што тече процесот, тоа ни станува сè појасно, и невозможно е тоа да се направи во еден момент, бидејќи тука е потребно разбирање во срцето, а не само со ладниот разум. Откривањето е можно само на местото на скривањето. Колку подлабока била темнината, толку поголем простор може да осветли во неа Светлината, кога доаѓа: сите нејзини темни пештери, сите спротивни форми на темнината. И тогаш, од соединувањето на сите тие директни и обратни форми се раѓа свест, постигнување, како “предност на Светлината, која се разбира само од темнина”.

Нашиот свет е изграден на ист начин. Ако човекот не разбира некоја појава, тој ќе помине покрај неа, и дури нема да ја забележи. А за да открие некоја нова природна појава, човекот мора многу да учи, и да биде во првите редови во своите научни откритија. Тој мора да дознае сè што претходно било откриено од нас, и тогаш наеднаш да го види она, што се наоѓа понатаму зад границите на постигнатото, односно да направи ново откривање. За тоа потребно е да поседува свест, разбирање, сите алатки, познати до денес. Во науката кабала функционираат апсолутно истите закони. Луѓето, кои заради духовно постигнување се подготвени да се наоѓаат во темнина – привлекуваат кон себе, внатре во темнината, Светлина, и во контрастот меѓу Светлината и темнината почнуваат да откриваат духовно достигнување, сличност на Создателот и спојување со Него.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica