Кога дојдов кај Рабаш на 33 – годишна возраст, бев научник по карактер и по претходната професија. Пред да дојдам во Израел, од 6 – годишна возраст сé додека не наполнив 28 години, цело време студирав и читав научна литература. Ова исто така потекнуваше од тоа што не можев да го откријам Создателот, силата која управува со сé.
Кај Рабаш „слушнав“ за „љуби го ближниот свој како што се љубиш себеси“. Во Русија овој принцип беше извртен во полза на елитата и за мене беше многу непријатно да го слушнам бидејќи зад зборовите за љубов се криеја најголемите измамници и крадци кои го правеа токму спротивното и ги експлоатираа другите за нивно добро. Беше многу тешко да се навикнам на идејата дека овој принцип е основата на мудроста на кабала бидејќи требаше да говори за тајните на создавањето, а наеднаш говори за старите работи.
Тогаш почнав да учам за внатрешниот систем. Испадна дека скршената желба за примање станала егоистична и за да се вратиме во светот на Ејн Соф (бесконечност) треба да го поправиме нашето его. Ова значи дека треба да го приближиме поблиску до нас она што ни изгледа далечно, да го претвориме она што е омразено во сакано. И покрај нашата моментална желба, покрај гордоста, страстите, почитта, треба да се погазиме себеси и да го отфрламе нашето его сé повеќе и повеќе со тоа што ќе се зближуваме со луѓето што ги мразиме. Така се искачуваме по скалилата на духовната скала.
Само откако го сфатив начинот, престанав да се грозам кога ќе слушнам зборови за љубов. Ми беа потребни две до три години и не беше лесно во споредба со силната одбивност која ја чувствував на почетокот. Но фактот дека го научив системот и неговите закони ми помогнаа, исто како доктор кој ги гледа резултатите од тестови или рендген снимки. Тогаш сфатив од каде биле земени овие зборови; сфатив дека овие зборови немаат никаква врска со човечките аспекти или со тоа да се биде добар и да се живее во братство. Се работи за изворот на сите наши конфликти, за основата на нашата природа, која ние, немајќи никаков избор, мораме да ја исполниме. Тоа ме убеди. Затоа, треба да им објасниме на нашите пријатели во Израел и во странство за да сфатат дека ширењето на сите оние кои сакаат да ја учат мудроста на кабалата и поширокото распространување на заемната гаранција низ целиот свет е вистинското значење на Тикун (поправање). Ако во минатото, кабалистот можел да се поправи сам или со помош на учител, денес тоа е невозможно.
Не сум јас тој што го вели тоа, Баал ХаСулам пишува за фактот дека мора да го сториме ова. Затоа не може да се постигне внатрешно поправање ако не се создаде група. За да може групата да почне да живее и да напредува во вистинската насока, мора да бидеме поврзани со целиот свет и со цела сила да ја шириме идејата за суштината на моменталните проблеми и решенијата низ целиот свет. Прво, ширењето треба да се прави во Израел бидејќи народот на Израел треба да стане изворот на системот за новиот свет. Затоа се прават кругови: околу тебе е групата, околу групата е Израел, и околу Израел е целиот свет. Ако не го земете овој систем предвид, нема да успеете и нема да ја привлечете Светлината која поправа. Мора до одреден степен да опкружиш сé. Ова потекнува од кршењето на садовите и од неопходното поправање на целата скала од суштинскиот период за кој пишува Баал ХаСулам. Луѓето кои не сакаат да го исполнат тоа едноставно не сакаат да слушнат што има да каже нашиот духовен учител.
Од четвртиот дел на дневната кабала лекција 01/06/2012 „Суштината на мудроста на кабала“