Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Закон за компензација на насладувањето-страдањето

26.12.2010 -
Светот е полн со проблеми, и ние од генерација во генерација колку и да се обидувавме да ја поправиме својата положба, тоа не ни успеваше.

Науката кабала објаснува зошто нè следат сите овие проблеми и неволји: тие се обидуваат да нè поттурнат кон правилен развој за да се кренеме над нашиот егоизам и да преминеме во друга димензија – во особина на давање, кон друга сила, друго воспримање на светот, во царството на давањето - наместо царството на егоизмот. Затоа целиот наш развој е насочен само кон откривање на страдањето и ништожноста скриени во егоистичната желба.

И колку повеќе се обидуваме да ја искористиме, толку повеќе таа нè обесхрабрува, за да ни покаже дека нема да можеме да ја искористиме за насладување и да се наполниме, бидејќи примачката желба не може ништо да прими! Ние тоа не го разбираме и цело време ја повторуваме истата грешка. Но треба конечно да научиме дека не е можно да ја наполниме желбата егоистично – тоа е спротивно на законот на постоењето на желбата и Светлината.

Почнувајќи од Првото скратување (Цимцум Алеф) и понатаму, никогаш во историјата на реалноста не може да се случи: јас нешто да примам во својата егоистична желба и да се наполнам. А тоа што ни се чини дека ние се наполнуваме и се насладуваме – е само поради тоа дека ние го развлекуваме тоа задоволство кое го чувствуваме при средба со насладувањето пред тоа да исчезне.

Но за време на тие кратки моменти кога тоа се наоѓа во нас и ние го чувствуваме, потоа ќе треба целосно да го платиме со страдања кога ќе ја откриеме создадената празнина. Таа празнина се создава од силата на насладувањето и од времето на неговиот престој внате во желбата. Како на пример во нашиот свет: моќта е еднаква на напонот помножен со силата на струјата. Истото се случува и со насладувањето!

Јас можам да примам 10 грама насладување, но да го чувствувам еден час, и тогаш 10 г помножени со 1 час ќе ја дадат моќта на насладувањето. А можам да чувствувам 1 килограм насладување, но само 1 секунда – и тоа исто така ќе ја дефинира моќта. Затоа дури и целото насладување кое понекогаш ни успева да го почувствуваме потоа неизбежно ќе се претвори во страдање на испразнетата желба. Нам не ни успева да се наполниме во нашите егоистички желби бидејќи тоа е спротивно на природата на суштеството и на неговата цел.

Од утринската лекција според статијата “Мир во светот“ /26/12/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica