Прашање: ако човекот е сигурен дека го чувствува Создателот – може ли да се провери дали е тоа реален осет или религиозна фантазија?
Одговор: Не смее да се разубедува човекот во неговите чувствувања. Бидејќи ти не можеш да му ја ставиш својата глава. Да претпоставиме дека ти знаеш нешто реално, а тој не знае, но си замислува нешто неправилно. Ако ти го притискаш и го убедуваш во својата исправност, тогаш наместо претходно замислената слика тој ќе добие друга, од тебе. Но за него и таа ќе биде имагинарна! Дури иако за тебе тоа е очигледен факт и вистина (иако и тоа сè уште е под знак прашање), но кога тоа ќе премине кај него, ќе стане само нова фантазија.
Затоа науката кабала не дозволува тоа да се прави. Не треба да се мешаш и да ги разубедуваш луѓето. Особено дека и твојата вистина постојано се менува, и кога ти се искачуваш од скалило на скалило целото претходно знаење се извртува од корен. Ти цело време поминуваш поларни состојби, фрлан од страна на страна, сè додека не го поминеш махсом. Речено е: "Не верувај во себе до денот на смртта (твојот егоизам)". Затоа никого не треба да разубедуваш.
Ние само му објаснуваме на човекот колку сме сите беспомошни во дадената ситуација и повикуваме на вистинско појаснување, на здрав пристап. Тоа се смета за чист однос: ние имаме 5 сетилни органи – ајде само да се раководиме според нив. Но велат, дека можно е да се стекнат дополнителни сетилни органи. Кога ние ќе ги развиеме, пристапувајќи кон тоа научно, здраво, логично, не верувајќи никому на збор, и откриеме уште една реалност – тогаш ќе почнеме да ја истражуваме!
И тогаш ќе почнеме да сфаќаме и да стекнуваме ново знаење, повторно врз принципот: "Да се суди може само на основа на очигледните факти" на основа на реалните искуства.
Од утринската лекција според статијата “Кабалата и филозофијата“ /02/01/2011