23.11.2010 -
Прашање: Луѓе често ме прашуваат што е Кабалата и се трудам да им ја објаснам нејзината суштина и намена. Како одговор, многумина признаваат, „Да, и јас така мислам. Да, знам за што зборуваш." Дали ова значи дека имаат точка во срцето? Како се разликуваат луѓето што ја имаат таа точка од други луѓе кои исто така бараат нешто?
Одговор: Точката во срцето е дел од Создателот. Кога ќе се разоткрие во тебе, слушаш „знак за повик" кој те повикува кај Него. Точката во срцето ја препознаваме кога ќе донесе некого до науката за Кабалата, до местото или мрежата од каде доаѓаат сите точки. Кабалата не е книги, туку мудроста и програмата на општиот систем. Книгите на Кабалата ти ја носат силата на оваа програма и ти ја користиш да го спроведеш првиот духовен нагон.
Во стварноста, ти никогаш не си го напуштил тој „систем на владеење." Сегогаш си во него, поврзан со другите, и вашето заедничко тело е живо. Малхут на светот на бесконечноста е тој што навистина постои, иако не чувствуваш како му припаѓаш. Место да го почувствуваш неговиот главен прозорец, чувствуваш дека си во сосема друг „прозорец." На истото место си, но гледаш поинаков свет, лишен од меѓусебната поврзаност.
Има два прозорци: едниот е природен, точен, вистински, и длабок, а другиот виртуелен. Во моментов мојот екран е зафатен со нашиот илузорен свет, но заедно со него има и внатрешен екран во кој сите сме во состојба на бесконечност. Тоа е она за што зборуваат кабалистите.
Се стремам кон тоа со мојата точка во срцето, сакајќи да стигнам од виртуелниот екран до вистинскиот, до местото кај што сум поврзан со сите. Ако мојата точка навистина се разбудила, се наоѓам во групата. Отворам книги кои зборуваат за тој внатрешен екран, а додека ги читам оттаму будам Светлина која почнува да ме вознапредува.
Меѓутоа, ако некому не му е гајле за кабалистичките книги и единството во групата, ако не чувствува внатрешна потреба за тоа, тогаш ја нема точката во срцето. Замислува секакви работи и бара духовност во Индија, или во разни религии и вери, во медитација, во Њу Ејџ, итн. Во спротивност со тоа, личност со точка во срцето веќе не може да си оди од патот. Може да „ направи пауза" поради разни проблеми, но никогаш нема да ја смени точката со нешто друго.