Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Зошто во светот постојат толку многу различни науки

21.10.2010 -

Науката се базира во своите истражувања врз нашите телесни сетилни органи. Но ако ние ги промениме своите внатрешни особини и излеземе надвор од рамките на своите обични пет сетилни органи – тогаш ќе можеме да го видиме другиот свет, да го истражиме – и ќе откриеме друга наука. Затоа науката кабала е дополнување кон сите светски науки, бидејки токму таа го има во предвид тоа што ние ќе го видиме или почувствуваме, ако ги промениме своите особини.

Кабалата ја доведува целата творба до единствена форма, како наука таа е базирана врз еден едноставен принцип: желба, материја, и светлина, преслечена во материја. Ако ги изучиш нив, ќе ја разбереш целата природа, сите појави – како одделно, така и општо, како во нашиот свет, така и на сите скалила од вишите светови. Секаде делува еден принцип.

Кабалата – е универзална наука, и ако се придржуваме до неа, секогаш ќе можеме да одредиме, каде се наоѓаме, какви појави и последици набљудуваме. Со нејзината помош ти можеш да ги истражуваш и макро и микро световите, имајки само еден принцип: 10 сфирот, во кои ти можеш да се задлабочиш во најситните детали, а можеш да ги изучуваш во целина – и секаде ќе делуваат истите закони! Во нашиот свет сите науки сензационално се разликуваат една од друга: биологија, ботаника, астрономија...Нам ни претставува тешкотија да направиме паралели помеѓу нив. Но ако ние земаме единствена основа: садот и светлината, тогаш останува еден закон.

Но разликата е само во длабочината на желбата (големината на авијут). Во неа секогаш се случуваат едни исти појави, но, во зависност од дебелината/грубоста на материјалот, тие ќе се разликуваат. И ќе ни пројавуваат исти појави во паралелните науки – физиката, хемијата, биологијата, зоологијата и др.. Науки за материјалот од различните нивоа (2,3,4) – токму тоа се биологијата, зоологијата, географијата и др..

Истите форми се пројавуваат во неживата природа, во животните, во растенијата – процесот секаде е еднаков, и светлината еднакво се отпечатува во материјалот, но поради различниот материјал, истата форма се восприма од нас на различни начини. Затоа кабалата – тоа е најуниверзална наука, и треба да се срушат стереотипите на необразованоста, дека кабалата не е наука – туку мистика и медитација, исполнета со тајни.

Од утринската лекција  “Кабалата во споредба со другите науки“ /21/10/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica