Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Зошто постојам?

Прашање: Зошто прашањето за значењето на животот се смета почисто отколку само неговото реализирање?

Одговор: Затоа што тоа прашање пристигнува од длабочината на точката во срцето, од најдлабоката внатрешна желба која што човекот ја поседува. Сè што било создадено од Создателот е желбата, и во секого од нас лежи дел од од оваа голема желба. Највнатрешната желба на точката од оваа желба е точката на вистината, односно прашањето „Зошто постојам? За што живеам?“ Тоа е она што јас морам да го откријам. Ако човек се прашува за што живее, ова е знак дека во неговото срце постојат сите четири степени на желбата. И четвртиот, конечениот степен сака да ја открие Круната (Кетер): да си потврди: кој ме управува мене, зошто и за што, и што се случува воопшто? Сакам да дознаам дали е вредно да се живее? Бидејки ако не го откријам Кетер, причината, тогаш ниту едно друго исполнување, кое што можам да го примам, нема да ме задоволи. Иако јас и понатаму останувам збунет и се свртувам кон други цели, најважната работа за мене е да ја откријам причината и последиците од сето тоа. Сакам да добијам директен и искрен одговор: Дали овој живот има смисол или не? И ако нема, тогаш секоја друга надокнада само ќе го влоши мојот очај, затоа што тоа не ми е потребно. Ако човекот се соочува со такво прашање, значењето, ако почне да се прашува во себе за точката на Малхут, за точката на Кетер, тогаш тој ќе мора да ја открие! Тоа значи дека тој е зрел за откровението на Создателот, за сплотување (Двекут) со Него, а за останатото сè уште не е. Тие треба да почекаат, да примат осветлување, така што ќе го забрзаат нивното развивање. Ако тие ни се придружат, ние ќе бидеме во можност да се грижиме за нив. Сè зависи од желбата на човекот, кој што треба да почека додека не созрее, бидејки не созреаното овошје е забрането.

Од 1-от дел на Дневните Лекции На Кабала, 13.03.2013 „ Вовед во учењето за десетте Сефирот„  на Каб.Тв

Неактивната личност не е човечко суштество

Глобалната криза остава се повеќе и повеќе незапослени луѓе. Ова не е само поради економски причини. Последиците од прекумерното конзумирање на производи стануваат видливи: Уште колку нови производи може да се појават на пазарот? Уште колку повеќе треба да купуваме? Има крај на сè, вклучувајки го и консумирањето. Желбите се менуваат и на луѓето повеќе не им е потребно сешто. Во следната фаза од нашата еволуција, човештвото ќе продолжи со духовната работа. Сè што ни е потребно за телото, ќе биде лесно обезбедено од страна на модерната технологија, научниците, инжињерите и мал број на луѓе кои што опслужуваат, ќе бидат среќни да работат со такви работи. Но повеќето луѓе ќе треба да прават внатрешни напори и ова ќе стане нивно „занимање“ во следната фаза на човештвото. На следното духовно ниво луѓето ќе се поврзуваат, ќе бидат вклучени еден во друг, и нашите светови на фантазија постепено ќе „испарат“, ќе исчезнат, како облак на чист ден, а ние ќе бидеме оставени во стварноста на вистинските чувства. Ова е нашата еволуција и не ќе можеме да сториме ништо во врска со тоа. Така светот ќе мора да се преуреди.

Не смееме да ја игнорираме невработеноста. Веќе постојат неколку студии  кои што покажуваат колку е опасно кога луѓето немаат ништо да работат. Тоа доведува до конфликти во фамилијата и до разводи; ја губиме нашата хуманост, мотивација и посветеноста за работите што треба да се напрват. Кога лицето не ќе треба да стори било каков напор, тој паѓа пониско од животно. Животните се зафатени работејќи нешто од утро до мрак: се парат, бараат храна или место каде што ќе живеат, и се грижат за својот помладок. Тие го користат своето време за одмор за корисни игри со кои го уцврстуваат правите врски со стадото, јатото, итн. Дали сте виделе некогаш мравка која не работи ништо и туку како фудбалски навивач седи на клупа со шише пиво и цигара?

Денес човекот треба да се движи кон масивен духовен труд, да создаде општа заедничка врска, да го реорганизира друштвото, но сепак, во меѓувреме, ние не правиме ништо. Претпочитувајки неактивна контемплација. Овој страшен пад многу ќе не чини. Ќе ни донесе горчливо чувство и човекот ќе побудали и ќе стане див. Недостатокот на должности го спречува да делува и го остава празен, труејки ја неговата потсвест. Покрај тоа, тој ги губи неговите работни вештини и вештините на комуникација со останатите луѓе. Изгледа како сè во него да тоне, исчезнува, и тој се претвора во „дух“, „зомби“, не е повеќе човечко суштество. Ова се случува со луѓето кои што не се активни, доколку не се започне со справување со нив на организиран начин. Модерниот свет верува во слободни избори и демократија, но што можеме да очекуваме од гласачот? Може ли тие да бидат рационални  и да ги видат работите исправно во овој случај? Еден ден ова ќе ги натера владите да направат промени...

Од 3-от дел на утринската лекција, 13.03.2013. „Студиите на десетте Сефирот“ на Каб.Тв

Од другата точка на сраснувањето

Реалност е непроменлива; Создателот е добар и добронамерен и светот на Ајн Соф (Бесконечноста) е непроменлив. „Јас, ХаВаЈаХ, не се променив“; Вишата Светлина е во апсолутно мирување, и сè зависи само од садовите, и од нашите желби. Така, не треба да чекаме некакви промени во нашиот живот. Ваквиот пристап е важен, во главно, за општата популација која што е под владеењето на времето. Но поединечно, оној кој што сака да ја открие добрата и добронамерната Виша Сила за себе, дека Тој е добар и прави добро и на добриот и лошиот, и дека Тој е непроменлив и вечен - нив им се дадени шансите да откријат дека не „во своето време“ не по природниот пат на еволуцијата на човештвото, туку, над тоа, со забрзувањето на времето.

Се вели дека „Израел е над ѕвездите и зодијакот, со осветлување (забрзување) на времето. Израел се однесува на поединецот кој се стреми кон Јашар – Ел (директно кон Создателот), да Го открие Него, и човекот веќе е поканет да го открие конечниот, вечниот крај на поправката, која што всушност веќе постои. Со цел да го стори тоа човекот мора да се крене над сите прекини, кои што го врзуваат со време, над сите состојби кои се откриваат на ланците на Сеќавањата (Решимот), духовните гени, со цел да се крене над сите нив, да ги „осветли“ нив и да ги трансформира во целост. Тој треба да ја види секоја расипана состојба, која што му е откриена како можност да работи со цел да ја претвори во перфектна состојба во која нема никој освен Него, добриот кој прави добро, и каде што сите постојат како еден пакет во поврзаност, во заедничка доверба, и во заедништво. Замислувајки ја оваа стварност и живеејки спрема овој пристап се нарекува работа во „вера над разумот“. Ова е целат наша духовна работа. Поради ова ни се дадени студиите, групата и книгите со цел да ја поправиме нашата перцепција, со нив да го видиме правиот свет наместо световите на фантазиите кои ни изгледаат толку вистинити. Ние би имале шанса да направиме напор и да ја изградиме вистината од оваа лага. Ако ја земем оваа задача и ја изградиме целосната стварност од секоја состојба, тоа значи дека ние одиме по правиот пат кон целта, наречена припојување. Секој нов момент нè тера да копнееме кон прилепување со Создателот во една точка, па пототоа во друга. Потоа сите овие точки се поврзуваат во права линија која води кон нашиот крај на поправката. Да не рачунаме на времето и чекаме на промени. Секој момент е прилика за нас да ја додадеме целосната слика и со тоа напредуваме.

Од подготовката за утринската лекција, 13.03.2013, на Каб.Тв

Не изместувајте ја шајката која ги држи сите созданија 

Не заборавајте дека нашиот сад, нашата желба, (кли) е надвор од нас. Срамно е да се губи време во грижата за себе, на тоа што се случува во твоите внатрешни граници, бидејки сè е лага и постои единствено поради силата на кршењето, силата на нашето его што ја произведува оваа слика за нас. Се разбира, можно е да се живее во оваа илузија низ неколку илјади реинкарнации. Но, пожелно е, ако веќе си ја достигнал реинкарнацијата во која што конечно почнуваш да ја слушаш вистината, дека твоето „Јас“ не си ти, туку е твојата имагинација, тоа е знак дека си се кренал над тоа. Тогаш ти е дадена шанса да го направиш најдоброто, што можеш, и да ја реализираш. Ако продолжиш да размислуваш во твојот круг, тогаш не само што не се доближуваш до вистината, туку исто така правиш штета на другите. Тоа е како да дупчиш дупка на дното од заедничкиот брод. На овој начин ги повредуваш останатите и сета оваа штета се допишува на твоја сметка.

Оваа штета можеме да ја пресметаме сосема прецизно. Тоа е слично како да сум зел оддредена шајка за мојата куќа а потоа сум открил дека тоа е точната димензија на шајката потребна за завршување на конструкцијата на еден голем и прекрасен брод во кој требало да пловат илјадници луѓе. Се разбира штетата, која што сум ја предизвикал, не е пресметана со шајката, туку со илјадниците луѓе кој би биле уништени од мојот погрешно делување. Како и да е, јас не разбирам што толку страшно сум сторил? На никого не му сторив зло! Од каде да знам дека таа шајка била толку значајна за нив? Но, мојот недостаток од знаење не ја оправдува мојата вина, и судот нема да го земе тоа во обзир. Пресудата е многу еноставна: штетата е нанесена на општиот систем. Како што реков, „Законот беше даден и не смееше да биде прекршен“. Можно е да се извиниш дека не си знаел, дека не ти кажале, но оваа сметка не беше пресметана спрема нашите пресметки, туку единствено спрема штетата пришинета на општеството. Дали ова ти било откриено тебе или не, дали си знаел или не, не се зема во обзир.  Треба да се запамети дека пресудата е немилосрдна.

Од 1-от дел на утринската лекција, 13.03.2013, според статијата „Писанија од Баал ХаСулам“ на Каб.Тв

За првите кабалисти ...

Прашање: Како е можно во светот кој е „создаден од ништо“ да се појави метода која што ја опишува правата природа, која што е спротивна на природата на создавањето? Што е тоа што служи како мост помеѓу световите и ги поврзува?

Одговор: Пред 5772 год., некаде живеел човек кој што бил првиот човек кој се запрашал себеси: „ Што се случува во овој свет?“ Од каде пристигнува и зошто е создаден? Кој е „Шефот„ кој што го управува овој свет? Зошто сè се врти околу Него и заедно со Него?„. Името на овој човек било Адам. Со поставувањето на овие  прашања, тој се обидел да ја реши тајната. Не само што ја разрешил „тајната“ , туку тој исто така напишал книга, „Таинствениот Ангел“, чие што значење е „таинствена сила“, бидејки зборот „ангел“ означува „сила“. Од оваа книга, ние гледаме што точно тој достигнал, чувствувал, видел и опишал во неговите алегорични сказни. Адам зачнал цела една плејада на кабалисти, кои што ја опишувале духовноста на еден невиден и возбудлив начин. Ние ги чувствуваме истите работи додека ги читаме нивните книги, бидејки Вишата Природа е непроменлива. Тоа значи дека денешните модерни кабалисти кои што го откриваат системот на природата и тие што живееле петстотини, илјада, или илјада и петстотини, па дури и пет илјади и петстотини години пред нас, (како Адам), говорат за истите работи. Тие опишуваат Една и Единствена Сила која паѓа врз нас, преку сили кои влијаат врз нас, и дефинираат сè што нам ни се случува. Оваа наука се нарекува „мудроста на кабала.“ Ако читам книга што е напишана педесет, петстотини, илјада и петстотини, или две илјади и петстотини години, пред мене, тогаш за мене, сè е исто! Меѓу нив нема никаква разлика. Сите тие опишуваат исти работи.

Па, ако го сретнам писателот кој што напишал книга, четири илјади години пред мене, да речеме Аврам, јас ќе бидам во состојба лесно да разговорам со него за овие теми и тој ќе ми одговори на моето сегашно прашање, околу тоа што би требало да сториме и на што да се насочиме. Не би имале проблем говорејки со него, бидејќи нашите прашања и објаснувања би биле точно исти и ние би разбрале лесно заедничките грижи, мисли, и аспирации. Тој ќе ги разбере нашите прашања и ќе нè води низ темелни објаснувања кои би ни биле многу очигледни, затоа што работиме со вечни прашања, вечни сили, и непрестани движења. Токму во ова се содржи мудроста на кабала.

Од виртуелната лекција 13.03.2013, на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica