03.05.2011 -
Прашање: Вие рековте дека за решавање на проблемите од кризата потребно е да се намали побарувачката. По што се разликува минималната потреба од основната? Може ли, на пример, да се смета за потреба часовник од илјада евра?
Одговор: Прашањето не е едноставно, но, јас дури би рекол и дека е интригантно.
Има една кабалистичка приказна од пред две илјади години. Си живееле двајца другари. Едниот бил богат, а другиот обичен, но двајцата биле на духовно ниво. Се случило богатиот да се уништи и тогаш другарот почнал да му служи, како роб, сакајќи да му го обезбеди потребното, претходното ниво на живеење, бидејќи порано другарот имал робови и тој, губејќи ги нив, чувствувал загуба на потребното.
Примерот е интересен, иако не е соодветен за нашето време, бидејќи кон тоа нас нè принудува природата. Мораме да ја намалиме својата потреба, инаку ќе ја опустошиме Земјината топка.
Работата не е само во тоа дека треба да ги намалиме своите потреби. Треба да достигнеме состојба кога би биле радосни ако се ослободиме од непотребното, но принудени сме да го примаме за да постоиме во телото во овој свет.
Јас имам голема желба која во себе го вклучува нивото на мојот живот, каде што освен физичките потреби, постојат и социјални – образование, култура, одмори, патувања – никој не вели дека треба да се откажеш од нив. Тебе ти е потребен стан, сè што е потребно за станот, жена, деца... Проблемот е во нашите потреби над нормалното ниво.
Ако ја учиш науката кабала, несакајќи ќе го бараш само она што ти е потребно, затоа што за тебе е важно само духовното исполнување. Затоа си среќен бидејќи ги немаш непотребните желби и би бил среќен да се ослободиш дури и од нормалните желби, но тие ти се потребни за да го одржуваш своето постоење. Тоа се нарекува потреба.