Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Изградба врз урнатините од сомнежите

Од статијата на Рабаш Уривањето кај старците е изградба”: Речено е: Уривањето кај старците е изградба, додека изградбата кај младите е уривање. Старците се они што се навикнати на работата на Создателот, додека младите се они што само што ја започнале работата. Уривањето е или спуштање или паѓање.

Во почеток, тие го искусиле подемот во работата, кој се сметал за изградба, односно ги ценеле подемите. Но уривањето е чувство на паѓање, предизвикано од затскривањето на Создателот, кога почувствувале дека Создателот се затскрива од нив. Уривањето кај старците – значи нивно признание, дека Создателот им пратил затскривање, и затоа излегува дека тие веќе почнуваат изградба, бидејќи сфаќаат дека Создателот се ангажира за нив, и тие од тоа ја добиваат животната енегија. И најважно е: да се чува вербата за време на паѓањето, односно тогаш, кога кај човекот не доаѓа Светлина, и тој се колеба што да одбере: или да каже дека не му е потребна никаква корист, сакајќи само да му причини задоволство на Создателот, без оглед на сопствените чувства, или, не дај Боже, да одлучи поинаку.

„Уривањето кај старците е изградба”. Ако кај старците доаѓа затскривање, уривање, тие над него градат ново скалило, потпирајќи се на своето искуство. Старец – е оној, кој стекнал мудрост на патот на Тората. Додека младите, пак – оние што немаат искуство во работата, дури и за време кога се почестени со изградба, подем, не можат ништо да изградат, туку во подемите создаваат уривања, противречности, паѓања, разочарувања. Сè додека Вишата Светлина не изврши влијание врз нив, и ги претвори во старци. Тогаш тие ги „реставрираат” сите тие уривања и противречности, изградени од нивна страна во процесот на градењето одозгора – односно ги креваат разбиените решимот и ги поправаат. Така тие на урнатините почнуваат изградба. И сето тоа благодарение на својата верба. Светлината на вербата се нарекува Виша Светлина, Светлина на давањето, која му свети на човекот и му овозможува од уривање да премине кон изградба.

Уривање, противречности – тоа е, кога тешки мисли и сомнежи го совладуваат човекот, и ја кријат од него единственоста на Вишото управување. Според нашето искуство знаеме дека, ако човекот упорно продолжува, Вишата Светлина по малку делува на него, и капка по капка се собира голема количина. Така тој, на крајот од многуте противречни и меѓусебно негирачки доживувања, почнува да се искачува. Ние не можеме да се искачиме на друг начин, освен од чувството на прогонство, ништожноста, уривањето – со други зборови, од чувството на криза. Само од таква состојба сите суштества го почнуваат својот пат на искачувањето нагоре.

Од подготовката кон лекцијата, 13.09.2013

Не си прави идол

Прашање: Какви атрибути тогаш поседува јудаизмот? Зошто во вашите домови за молење е празно, нема слики, статуи, дури ни просјаци?

Одговор: Кога сакате да се уподобите на единствениот невидлив Создател, за кој може да се рече само едно – дека тој се пројавува во особината на давање и љубов, тогаш вие не можете да ја прикажете особината. Алегориски таа исто така не смее да се прикажува, бидејќи тоа ќе го оттргне човекот од стремежот да стекне иста таква особина, и ќе го насочи кон поклонување на сликата – статуата или цртежот. Всушност, на јудаизмот не му е потребен ниту Храмот, ниту Царот, туку потребни му се само Учители, кои го насочуваат народот, помагаат во секој човек да се формира правилен однос кон Создателот, да се престојува во особината на давање и љубов.

Прашање: Што значи „не си прави идол, не создавај си божество”?

Одговор: Идол е она, што јас сметам дека ја определува мојата состојба, мојот живот: некои природни сили, громот и секавицата, црвеното конче – не е важно што е. – Леле, заборавив да го врзам црвеното конче! – Е, сега веќе ми е подобро. Тоа е психолошка помош, смирување. Тогаш јас немам потреба од Создателот – од Него вистинскиот, туку можам да се потпрам на сè нешто! Но нашиот развој ја истргнува земјата од под нашите нозе, за ние навистина да почнеме да се искачуваме кон Создателот. Сегашната криза нè доведува до ситуација, кога ние нема да знаеме што ќе се случи со нас во следната минута. Човекот како мумија не ќе може да се мрдне од место, не знаејќи што да прави. Кога ќе се најдеме во таква состојба, тогаш навистина ќе побараме таа најскриена, тајна сила, која што управува со сè, да ни се открие. Но барајќи го тоа, ние ќе почувствуваме уште поголемо разочарување, уште поголема болка, затоа што таа нема да ни се открие. Од тие големи страдања ќе почувствуваме, дека треба ние да се искачиме кон неа, наместо таа да слезе кај нас, и да ни се открие. Ние не треба да бараме таа да се спушти кај нас и да ни покаже како да дејствуваме, за да станеме умни и добро да се однесуваме соодветно на она што е заповедано: на ваков начин обезбеди се, на онаков начин организирај си го домаќинството, и сè ќе биде добро и убаво. Не! Од сето тоа треба да се види на каков начин се искачуваме до Неговото ниво! Тоа е мојата работа! Тоа е мојата промена. Не да го менувам светот! Човекот сака цело време да го промени светот, и Создателот згора на тоа, а потребно е самиот да се искачи себе си на Неговото ниво. Токму тоа претставува  концентрација на нашето време – негова суштина, зародиш.

Од лекцијата по статијата од кигата „Шамати", 13.09.2013

После вечерта доаѓа утрото на следниот ден

Прашање: Зошто човекот секој пат паѓа сè подлабоко? Како тогаш ќе може да достигне вечно спојување?

Одговор: Секој пат ние паѓаме сè подлабоко, затоа што ни откриваат сè посилни, погруби, пожестоки егоистички желби. Како што е речено: “Колку повисоко е човекот, толку поголем е неговиот егоизам”. Нам ни е потребно да навлеземе во голем егоизам, за со помош на нашата работа над него, да достигнеме поголема одразена Светлина. Колку пониско се спуштаме внатре во своите желби, толку повисоко се искачуваме за сметка на поправките – едно наспроти друго. Поинаку не може да биде, такви се законите дури и на материјалната физика, а не само на духовната.

Падот ги содржи сите податоци за следното скалило, проблемот е само во тоа, што паѓајќи ние ја губиме чувствителноста, и не можеме да ги почувствуваме. Кога би чувствувале што добиваме од паѓањето, тогаш би сфатиле колку моќни инструменти добиваме. Работата е само во фактот, што при паѓањето престануваат да работат сите сетилни органи, и ние не можеме ништо да откриеме. Всушност, разликата меѓу подемот и падот се состои токму во фактот, дека доаѓа Светлината, ни дава нов однос кон нашиот егоизам и кон Создателот. Ние треба само да поврземе во една целина: Исраел (нашиот стремеж кон Создателот), Тора и Создателот, и тогаш ние правилно го искористуваме егоизмот што ни е откриен. Се менува нашиот однос кон она што се открива за време на паѓањето, и тоа се нарекува подем. Но главното – е паѓањето, бидејќи тоа е откривање на нови желби, во кои што ние потоа ќе го почувстввуаме новиот свет – повисок, повозвишен, попросторен. И тоа секогаш се случува за време на откривањето на темнината, како што е речено: „И беше вечер, и беше утро – ден еден”.

Од лекцијата по статијата од книгата „Шамати", 13.09.2013

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica