Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Издигање над сите разлики

12.08.2011 -
Ако човек посакува да постои не само во овој малечок дел од реалноста, туку и да продре во нејзиниот втор дел – вечната и совршената реалност, тој има неколку средства: учител, група и книги. Учителот му објаснува дека таквата можност постои, а може да се оствари само со помош на групата во која секој се стреми кон чувствување на вистинската, совршена реалност и книгите кои говорат за таа совршена реалност.

Ако ние се обидуваме да бидеме заедно, тогаш секој излегува од себе, од своето его, затоа што тој треба да почувствува што се случува во другите. Тогаш, ако се обидува да биде над себеси, во другите, во единство со нив и чита за перцепцијата на реалноста во давање, со тоа тој станува сличен на својата идна состојба, како веќе да се наоѓа таму. Според степенот на својот стремеж оттаму тој ја повикува втората сила која постои во реалноста – силата на давањето, покрај малата сила на примањето која му е дадена од природата. Тогаш кај него доаѓа силата на давањето и извршува промени во него.

Тие промени човекот може да ги почувстува не како добивка од силата на давањето која го менува, туку како дополнителна сила за примање која дошла кон него, што исто така е вистина. Но, покрај тоа, тој ја достигнува токму силата на давањето. Така човекот се движи, ту десно, ту лево, но се движи со помош на таа сила за давање. Тој треба да ја достигне силата на давање заедно со силата на примање. Тие две сили во човекот се откриваат како две линии – десна и лева.

И тогаш човекот се движи – ту паѓа, ту се издига, сè уште не знае што всушност се смета за подем, а што за пад и ги определува според своето сегашно чувство. Но, со текот на времето тој веќе почнува да чувстува дека тоа се две линии и тој треба да ги користи, додека се наоѓа на средина меѓу нив. Така тој „ги зема во раце" и почнува да управува со нив, соединувајќи ги во една средна линија. Но, целата наша работа всушност, е ние да учиме заедно, посакувајќи да се соединиме еден со друг во срцата, во стремежот кон единството – над сите противречности и разлики, бидејќи сите тие се однесуваат само на нашето животинско постоење кое останува овде, на овој свет, а ние над него сакаме да се соединиме меѓу себе во нашите желби, во нашите точки во срцата.

Ако го читаме Зохар со такви намери, книгата ќе ни говори за нашите поправени состојби, односно за тоа како во соединувањето меѓу нас го откриваме својството на давање или, што е едно исто – Создателот, Светлината, Духовниот свет, Вишиот Свет.

Затоа, читајќи го Зохар, секој треба да си ја претстави себеси таа состојба.

 

Од утринската лекција по лекцијата за Зохар - 12.08.2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica