6.12.2010 -
Зошто била потребна цела оваа животна драма – Израел да излезе од Вавилон, издвојувајќи се од целокупното човештво, да се крене на духовно ниво, да го изгради Првиот и Вториот Храм, а потоа да се разбие и да падне во клипот?
Сето тоа е за да земе одозгора малку Виша Светлина и да ја донесе долу, на душите како мали искри. Тоа се искри од разбивањето и затоа тие можат да се наоѓаат внатре во егото според законот на сличност на особините. А ако искрата се наоѓа внатре во егото, таа може да ја крене молбата, МА''Н преку групата, која ќе ја насочи оваа молба кон Создателот. И како одговор од Создателот ќе дојде Светлина, која враќа кон изворот, и ќе направи поравка!
Во самата искра нема што да се поправа – но Светлината ќе ја исправи нејзината врска со другите души , така што желбата за насладување исто така во неа ќе учествува. И малку по малку човекот се поврзува со другите, душите почнуваат да се соединуваат повторно во една душа.
Целиот овој процес, поминат од групата, која се нарекува Израел бил заради поправувањето на сите други души. Инаку не би било можно да се исправи Вавилон – во него немало духовни искри. Значи, човештвото некогаш се поделило на две групи - едната тргнала да го постигнува духовниот свет, а потоа се вратила – се разбила и паднала назад во материјалниот свет.
Но таа ги донела со себе искрите од разбивањето, и две илјади години овие две групи заедно "се вареле" и се мешале. И тој рок бил одреден однапред. Сега тој е завршен, и што да се прави понатаму?
Сега треба да се дознаат сите услови за исправањето – и на духовното ниво, и на материјалното. Затоа човештвото навлегува во сеопшта криза и се открива методиката(техниката) за негово исправање – науката кабала. И сето ова можеме да го почувствуваме само затоа што во нас постојат искрите од разбивањето!
Од утринската лекција според статијата “Слобода на вољата“ / 03/12/2010