Ние зборуваме за Создателот врз основа на своите келим, ако можеме да ги поправиме. Само од поправени келим ние можеме да Го дознаеме Него. Поправените келим работат според принципот: "Од дејствата Твои Те дознаваме Тебе". Извршувајќи ги истите дејства како и Создателот, јас почнувам да го дознавам.
Дејствата на Создателот – се давање, и затоа јас исто така морам да дојдам до дејства на давање за да Го дознаам. Според дејствата кои се сосема слични на Него, јас ќе Го сфатам лично Него: кој е Тој и што е Тој, што е Негова програма и цел во однос на мене, какви се Неговите размислувања и наредби. Сето тоа јас ќе го сфатам откога ќе се поистоветам со Него според дејствата, и никако порано.
Како да се дојде до дејствата на Создателот? За тоа е потребно да се стекне особината на давање. Ние ја стекнуваме над особината на примање, над примачките келим – тоа се нарекува: "верба над знаењето". Во неа е целата суштина на нашата работа. "Знаењето" – тоа е тоа што јас го знам, го чувствувам, го гледам во чувствата на желбата за примање.
Додека "верба" – тоа е друга особина, многу повисока. Неа ја стекнувам над знаењето: прво јас морам да го откријам и да го проверам моето знаење, а потоа да добијам одозгора сила која ќе ми овозможи да одам над него – во истата форма, но погоре. Токму тоа значи дека јас одам над знаењето.